Дејвид Вилијам Доналд Камерон (англиски: David William Donald Cameron, роден на 9 октомври 1966) — британски политичар. Тој бил премиер на Обединетото Кралство од 2010 до 2016. Тој бил прв лорд на ризницата, а до јули 2016 бил и водач на Конзервативната партија.
На 24 јуни 2016, ден откако Британците на референдум изгласале излегување од Европската Унија, Камерон најавил дека до октомври истата година ќе поднесе оставка, за на конференцијата на Конзервативната партија да се избере нов водач, а со тоа и нов премиер. Тереза Меј бил единствен кандидат на партиските избори и на 13 јули била избрана за нов водач на Конзервативците и нов премиер на Обединетото Кралство.
Ран живот и кариера Дејвид Камерон е роден во Лондон, а пораснал во Пизмор, Беркшир. На 13 годишна возраст се запишал во приватниот колеџ за момчиња Етон, по што студирал филозофија, политика и економика на Оксфорд. Тој има Тој има шкотско, велшко, англиско, ирско и германско-еврејско потекло. Работел како истражувач за Карлтон ТВ (анг.: Carlton TV) и како советник на конзервативните политичари Норман Ламонт и Мајкл Хауард. На изборите во 1997 не успеал да стане пратеник, но 4 години подоцна станал член британскиот парламент како претставник на изборната единица Витни. Во 2005 година кратко време бил дел од кабинетот во сенка, а во декември истата година станал водач на Конзервативната партија.
Премиер (2010-2016) Камерон ја водел Конзервативната партија за време на општите избори во 2010, кога ги освоиле најголемиот број од гласовите и пратениците, но не доволно за самостојно да формираат влада. Тој станал премиер на 11 мај 2010, откако формирал коалиција со Либерал-демократската партија. Тој бил најмладиот британски премиер во изминатите 200 години. Камероновата влада скратила 6,2 милијарди фунти за да го ублажи буџетскиот дефицит. Бил реизбран во 2015, кога неговата партија освоила 36,9% од гласовите и мнозинство во парламентот. Либерал-демократите освоиле 7.9%, па коалицијата престанала.
По референдумот на 23 јуни 2016 година, кога победила опцијата за излегување од ЕУ Камерон најавил оставка. На 13 јули, Тереза Меј дошла на неговото место.
Личен Живот Дејвид е венчан за Саманта Камерон, со која има 3 деца. Неговиот син Иван е роден со хендикеп и починал на шестгодишна возраст. Ненси Гвен е родена во 2004, Артур во 2006, а најмладото дете, Флоренс, било родено на одмор во Корнвал во 2010.
За себе вели дека е феминист, но многумина не се согласуваат. За време на дебата со пратеничката Анџела Игл во април 2011, ѝ се обратил со зборовите „смири се, драга“, што разлутело голем број луѓе, кои ова го користат како доказ дека не е феминист.
Наводи
Категорија:Премиери на Обединетото Кралство Категорија:Живи луѓе Категорија:Англикански христијани од Велика Британија Категорија:Родени во 1966 година Категорија:Апсолвенти на Оксфордскиот универзитет