Чичи Каја или Кечи Каја — планински врв во средишниот дел на планината Кожуф, сместен над туристичкото место Смрдлива Вода. Од него се гледаат сите врвови на планината Кожуф.

Патека

Патеката за искачување на врвот Чичи Каја започнува од месноста Смрдлива Вода и води низ асфалтен и шумски пат. Времетраењето за искачување на врвот е околу три и пол часа.

Наводи

Категорија:Врвови во Македонија Категорија:Кожуф