DNK — македонска поп-група. Основанa е во 2001 година. Членови на групата биле Владимир Блажев — Панчо (29 јули 1979 — 14 октомври 2025) и Андреја Ѓорѓиески — Андреј (9 февруари 1982 — 16 март 2025). Андреј загинал ноќта на 16 март, враќајќи се во клубот да спаси луѓе по избувнувањето на Пожарот во ноќниот клуб во Кочани. По седум месеци од трагедијата животот го загубил и Владимир (Панчо).
Создавање на групата и првиот сингл Како музичари со претходно искуство и музичко образование, Андреј и Панчо во 2001 година одлучуваат да започнат заедничка кариера. Пред формирањето на ДНК, Андреј бил член на групата ТНТ, а Панчо настапувал со ОК Бенд. Андреј има завршено ниже и средно музичко образование и студирал на Музичката академија во Скопје. Истата година го објавуваат својот прв сингл, „Девојка за везден“, за кој снимаат и видеоспот, со што официјално го означуваат почетокот на групата ДНК.
Албумот Пази дете (2003) „Пази дете“ е првото официјално издание на македонската група ДНК, објавено во април 2003 година. Иако често се нарекува албум, всушност станува збор за EP (мини-албум) со вкупно 8 песни. Изданието е објавено од Adria Artists и претставува почеток на кариерата на дуото.
По формирањето на ДНК во 2001–2002 година, Андреј и Панчо започнале да работат на материјал што ги комбинирал поп, хип-хоп и R&B влијанијата. На EP-то се наоѓаат пет нови песни од ДНК, како и три песни од нивните поранешни состави – ТНТ (во кој членувал Андреј) и ОК (во кој членувал Панчо). На тој начин изданието претставува мост помеѓу нивните претходни музички кариери и новиот проект ДНК.
Список на песни +Пази детеНасловГости1.МаГенче2.Девојка за везден/3.Благодарам однапред/4.Сè што сакамМаја Саздановска5.Пази детеЖиле6.Во афектТНТ7.Девојка со говорна манаОК Бнед8.Во бојаТНТ
Враќање на сцената и проширување на музичките активности По двегодишна пауза, ДНК повторнo се активира во 2006 година. Во годините што следуваат, Андреј и Панчо, покрај работата со групата, го прошируваат своето музичко ангажирање и на други полиња од музичката индустрија.
Панчо станува резидент DJ во некои од најпознатите клубови во Македонија и регионот, а подоцна ја основа агенцијата Sure Shotz Entertainment, преку која во Македонија организира настапи на повеќе светски и балкански R&B и хип-хоп артисти, меѓу кои Edo Maajka, Connect, V.I.P. и DJ Oli Dobolli.
Во истиот период, Андреј работи како музички уредник на комедиската телевизија К-15 ТВ, а е и продуцент на музичкото шоу „Мојата ѕвезда“, од кое произлегуваат повеќе нови музички таленти.
Како долгогодишни соработници и пријатели на продуцентот Врчак, членовите на ДНК се меѓу основачите на „Продукција Република“, каде воедно стануваат и нејзини први ексклузивни изведувачи.
Групата остварува забележителни настапи на фестивалот „Макфест“, каде се претставува со песните „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“ и „Прв“ (дует со Врчак).
Албумот Кажано е се (2010) Во 2010 година ДНК го издава својот деби-албум „Кажано е сѐ“, објавен под издавачката куќа „Продукција Република“. Продуцент на албумот е Врчак, а изданието содржи 18 песни, меѓу кои и сингловите „Полна месечина“, „Пази се од мене“, „Навлечен на тебе“, „Таа тоа го крие“ и други.
Албумот содржи 18 композиции: +Кажано е сеНасловГости Спонзоруша/2. Таа тоа го крие/3. Благодарам однапред/4. Љубовта/5. Кажано е се/6. СамаВрчак7. ЗмејConnect, Врчак8. Jump/9. Навлечен на тебеВрчак10. ПукаVIP11. Дали би...?Врчак12. Пази се од менеВрчак13. ОтровнаРобер Билбилов14. ПрвВрчак15. Полна месечина/16. ЛудаВрчак, Тамара Тодевска17. Пука (Long version)/18. Пази се од мене (RMX by REXONA)/
Јубилеен концерт на ДНК – 10 години постоење (2011) По повод 10 години од основањето на групата, ДНК го одржа својот голем јубилеен концерт на 24 септември 2011 година во Метрополис Арена во Скопје. Овој настап беше еден од најзначајните моменти во дотогашната кариера на Андреј и Панчо, бидејќи претставуваше круна на нивната прва деценија активност на македонската музичка сцена.
Концертот следеше по големиот успех на нивниот деби-албум „Кажано е сѐ“ (2010) и беше првиот голем самостоен концерт на групата. На сцената ДНК ги изведоа своите најпознати песни од првиот период, меѓу кои „Полна месечина“, „Таа тоа го крие“, „Пази се од мене“, „Навлечен на тебе“ и други хитови.
Синглот Авион (2012) „Авион“ е сингл на македонската поп-група ДНК, објавен во 2012 година како најава за нивниот втор студиски албум „Срце“ (2013). Песната е една од нивните најемотивни балади и се вбројува меѓу најпрепознатливите песни од тој период.
По успехот на албумот „Кажано е сѐ“ (2010), ДНК продолжија со нов материјал. „Авион“ беше еден од првите синглови што го најавија новиот музички правец на групата – помелодичен и поемотивен звук, со поголем акцент на вокалната интерпретација.
Акустичен концерт во Универзална сала во Скопје (2012) Во септември 2012 година, ДНК одржува посебен акустичен концерт во Универзална сала во Скопје, претставувајќи ги своите најпознати песни во ново, поинакво аранжманско издание.
За разлика од нивните стандардни настапи со поп и хип-хоп елементи, концертот беше реализиран со поддршка од камерен оркестар и бенд во живо, што им овозможи на песните да добијат поакустичен и пософистициран звук. Настанот претставуваше уште еден чекор во музичкиот развој на групата, покажувајќи ја нивната способност да ги прилагодат своите композиции во различни музички форми.
Албумот Срце (2013) „Срце“ е вториот студиски албум на ДНК, објавен на 1 јануари 2013 година од издавачката куќа Adria Artists. Албумот содржи 16 песни и трае околу 57 минути. Со ова издание ДНК го продолжи успехот постигнат со „Кажано е сѐ“ и се зацврсти како една од најпопуларните поп-групи во Македонија.
По огромниот успех на дебитантскиот албум „Кажано е сѐ“ и распродадените концерти во Скопје, ДНК започна да работи на нов материјал. Во јуни 2012 година беше објавен синглот „Авион“, кој го најави новиот албум. Музички, „Срце“ нуди помодерен звук, со повеќе R&B, поп и денс-елементи, но и емотивни балади.
Список на песни +СрцеНасловГости1.Срце/2.Авион/3.Што сака нека биде/4.Добра девојка/5.Дада/6.Старлета/7.МочањеAfu-Ra8.Преку кур/9.Опуштено/10.Моето маалоЕлена Ристеска11.НевинаGidra Connect12.Од утро до мракМагдалена Цветковска-Ена13.Нисам глупМарко Ѓуровски14.Диско џунглаМаја Саздановска15.Rolling in the Deep (Live)/16.Авион (Remix)/
Албумот Уште еден ден (2016) „Уште еден ден“ е нивниот трет студиски албум, објавен на 9 мај 2016 година преку издавачката куќа Adria Artists. Албумот содржи 12 песни и има времетраење од околу 41 минута.
По големиот успех на албумите „Кажано е сѐ“ (2010) и „Срце“ (2013), ДНК продолжија со поинаков и позрел пристап. „Уште еден ден“ покажува помирен и посериозен период во творештвото на Андреј и Панчо – со повеќе емотивни теми, животни приказни и лични пораки.
Список на песни +Уште еден денНасловГости1.Стојам сам/2.Само таа знае како/3.Имав се/4.Некој друг/5.Темно е/6.Уште еден ден/7.Север и југ/8.Најмила/9.Ѕвер/10.Фрази љубовниТамара Тодевска11.Она е од ШуткаBaby Dooks12.Јас и ти/
Концерт „15 години ДНК“ – Метрополис Арена (2017) Концертот по повод 15 години постоење на ДНК се одржа на 12 мај 2017 година во Метрополис Арена, Скопје. Тоа беше еден од најголемите концерти во кариерата на групата и претставуваше прослава на нивната децениска работа на македонската музичка сцена.Концертот беше организиран како прослава на 15 години од формирањето на ДНК (2002–2017), но истовремено беше и концертна промоција на нивниот трет студиски албум „Уште еден ден“ (2016).
На концертот биле изведени голем број од најпознатите песни на ДНК, меѓу кои: +Песни на концертот по повод 15 години ДНКНасловГости1.Авион/2.Опуштено/3.Таа тоа го крие/4.Само таа знае како/5.Стојам самЕлена Ристевска6.Едно телоДарко Илиевски7.Дада/8.Старлета/9.Ѕвер/10.Некој друг/11.Што сака нека биде/12.Благодарам однапредTavitijan Brothers13.Уште еден денЛазар Цветковски14.Север и југ/15.Најмила Мина Блажев16.Срце/17.Фрази љубовниТамара Тодевска18.Она е од Шутка/19.Отровна сиРоберт Билбилов20.Од утро до мракМагдалена Цветковска-Ена21.Навлечен на тебе/22.Пази се од мене/
Албумот The best of (2018) „The Best Of“ е компилациски албум (greatest hits) на македонското дуо ДНК, објавен во 2018 година (дигитално издание достапно и во 2019 година). Албумот претставува збирка на најголемите хитови на групата од нивниот дотогашен 15-годишен период на работа – од почетоците со „Пази дете“, па до песните од албумот „Уште еден ден“ (2016).
Албумот содржи 23 песни, со времетраење од околу 1 час и 20 минути.
Список на песни +The best ofНасловГости1.Авион/2.Стојам сам/3.Најмила/4.Некој друг/5.Север и југ/6.Срце/7.Благодарам однапред/8.Пола човек/9.Што сака нека биде/10.Невозможна мисија/11.Само таа знае како/12.Дада/13.Пази се од менеВрчак14.Старлета/15.Ѕвер/16.Таа тоа го крие/17.Опуштено/18.Фрази љубовниТамара Тодевска19.Она е од ШуткаBaby Dooks20.Навлечен на тебеВрчак21.Од утро до мракМагдалена Цветковска-Ена22.Полна месечина/23.Дијамант/
Синглови (2018-2022) Во 2018, тие ја издаваат компилацијата “The Best Of”, која содржи 22 популарни песни и бонус песната “Дијамант”.
Во 2019, ДНК издава 4 синглови: “Кога би знаела се”, “Ромео и Јулија”, “Ние” и “Горе или доле”.
На почетокот на 2020 година тие го издаваат последниот сингл насловен “Јави ми" со анимирано видео. Во март, тие оддржаа онлајн концерт на YouTube и Facebook.
Во 2021 година, издаваат 4 синглови: "Денови во ноќи", "Сите патишта", "Кобра" и "Ваков таков"
Во 2022 година тие издаваат 4 синглови: "Лава", "Милион денови", "Романи" и нивниот голем хит "Ако утре ме нема".
Концерт „20 години ДНК“ – Арена „Борис Трајковски“ (2022) Концертот „20 години ДНК“ се одржа на 3 декември 2022 година во А1 Арена „Борис Трајковски“ во Скопје и беше најголемиот јубилеен концерт во дотогашната кариера на групата. Со него Панчо и Андреј одбележаа две децении од постоењето на ДНК (2002–2022).
Настапот траеше повеќе од два часа и содржеше голем број од најпознатите песни на ДНК. Меѓу изведените песни беа: +Песни на коцертот по повод 20 години ДНКНасловГости1.Романи/2.Таа тоа го крие/3.Авион/4.Таа знае како/5.Едно тело/6.Ромео и Јулија/7.Милион денови/8.НајмилаМина Блажев9.Оди ЅвездоНаум Петрески10.Стојам самНаум Петрески11.Горе или доле/12.Што сака нека биде/13.Север и југ/14.Громови на душа/15.Срце/16.5 до 2Young dadi17.Ваков таковYoung dadi18.ЛаваТаско19.Она е од Шутка/20.ЕдерлезиЏамбо Агушев Оркестар21.Ако утре ме немаЏамбо Агушев Оркестар22.Фрази љубовниТамара Тодевска23.Од утро до мракМагдалена Цветковска-Ена24.Навлечен на тебе/25.Полна месечина/26.Пази се од мене/
Албум Дваесет (2022) „Дваесет“ е четвртиот студиски албум на македонската поп-група ДНК, објавен на 4 декември 2022 година од издавачката куќа Adria Artists. Албумот содржи 12 песни со вкупно времетраење од околу 39 минути и е издаден по повод 20 години постоење на ДНК.
Албумот беше објавен веднаш по големиот јубилеен концерт „20 години ДНК“ во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје. Насловот „Дваесет“ симболизира две децении музичка кариера и претставува ново поглавје за групата, комбинирајќи современ поп-звук со препознатливите емотивни текстови на ДНК.
Список на песни
+ДваесетНасловГостин1.Кога би знаела се/2.Ромео и ЈулијаIRIE SCRATCH3.Горе или доле/4.Ние/5.Јави ми/6.Македонија на Европско/7.Денови во ноќи/8.Ваков таковYoung dadi9.ЛаваТаско10.Ако утре ме немаЏамбо Агушев Оркестар11.Милион денови/12.Романи/
Синглови (2024-2025) Во 2024 година издаваат синглови: "Посреќна", "Животе брате", "Амајлија" и "Чаршија“.
Во 2025 година го издаваат нивниот последен сингл "Фала".
Пожарот во дискотеката ,,Пулс" во Кочани