мини|Улрих фон Хутен Улрих фон Хутен (роден во место кај градот Шлихтерн на 21 април 1488 година - починал на островот Уфенау на Циришкото езеро на 29 август 1523 година) - германски писател и хуманист.
Помагал при создавањето на делото Epistolae obscurorum virorum. Во 1517 бил крунисан со ловоров венец од страна на царот Максимилијан . Што се однесува до политичкиот живот, се борел за отстранување на сепаристичките тенденции на кнезовите и се залагал за создавање на силно германско кралство независно од црквата и папата, кое својата моќ ќе ја базира врз витешкиот сталеж. За да ја остврари својата цел тој се поврзува со Мартин Лутер и Франц Шикинген. Откако Шикинген загинал во 1523 година за време на војната против трирскиот бискуп, Хутел избегал кај Цвинглиј во Швајцарија, каде што и подоцна умрел.
Категорија:Германска книжевност Категорија:Личности овековечени во споменикот „Валхала“ Категорија:Апсолвенти на Лајпцишкиот универзитет Категорија:Родени во 1488 година Категорија:Починати во 1523 година