Земјоделството во Србија — важен дел од економијата на земјата со годишен потенцијал од 12 милијарди евра во извозот. Вкупната површина на земјоделско земјиште надминува 6,12 милиони хектари. Земјоделското производство е најистакнато во северна Србија на плодната Панонска Низина, како и во јужните низини во непосредна близина на реките Сава, Дунав и Голема Морава. Од 1948 година се забележува пад на земјоделската активност, кога скоро три четвртини од населението се занимавало со земјоделство додека денес, една четвртина.

Производство

Србија произведува разни земјоделски производи, главно житарици, овошје и зеленчук, кои претставуваат значаен дел од БДП и извозот. Србија е број 2 производител на малини (84.299 тони, по Русија) и сливи (146.776 тони, втора по Кина), исто така е значаен производител на пченка (6.158.120 тони, рангирана на 32. место во светот) и пченица (2.094.400 тони, на 35 место во светот). Производството на шеќерна репка (2.299.770 тони) и семки од сончоглед (454.282 тони) ја задоволува домашната побарувачка за шеќер и растително масло и дозволува извоз на околу 180.000 тони шеќер во Европската Унија.

Производство на овошје

Овошните фарми покриваат над 310.000 хектари обработливо земјиште во Србија.

Обем на производство на овошје во тони (од 2012 година):

Јаболко 178,713 Грозје 263.419 Праска 53.894 Круша 39,112 Слива 391,485 Малина 70.320 Вишна 74,656

Вино

Србија е 19-тиот најголем производител на вино во светот. Земјата има една од најдолгите историја на лозарството во Европа и хронолошки ѝ припаѓа на земјите за производство на вино од Стариот Свет.

Има околу 70.000 хектари лозови насади во Србија, произведувајќи околу 425.000 тони грозје годишно, што ја става Србија во првите 20 земји за производство на вино во светот. Поголемиот дел од производството е посветено на локалните винарски визби.

Големите винарии произведуваат совињон, каберне, шардоне, вранец, тамјаника, крстац, смедеревка и динка.

Образование и истражување во земјоделството

Постојат неколку факултети кои на студентите им нудат високо образование на земјоделството:

Факултет за земјоделство при Универзитетот во Белград, Земун Новосадски универзитет, Земјоделски факултет Универзитет во Крагуевац, Факултет за агрономија во Чачак

Постојат неколку научни институти со активности посветени на развојот на земјоделството:

Институт за истражување на лековити растенија „Јосиф Панчиќ“ во Белград Институт за земјоделска економија во Белград Институт за заштита на растенијата и животна средина во Белград Институт за сточарство во Белград Институт за шумарство во Белград Институт за поле и растителни култури во Нови Сад Институт за истражување на пченка „Земунско Поље“ во Земун Институт за применети науки во земјоделството во Белград Институт за хигиена и технологија за месо во Белград Институт за пестициди и заштита на животната средина во Белград Институт за земјоделска економија во Белград Институт за истражување на плодови во Чачак

Наводи

Надворешни врски