мини|Златната уличка Златна уличка () – улица во Прашкиот замок, Чешка. Првично изграден во 16 век, за сместување на стражата на замокот на Рудолф II, името го добила од златарите кои живееле таму во 17 век. Иако уличката некое време ја викале Алхемичарска уличка или Алхемичарска алеја, тука никогаш ниту живееле ниту работеле алхемичари.
Златната уличка се состои од мали куќи, обоени во живи бои во 1950-тите. Првично улицата имала куќи од двете страни, но едната страна била уништена во 19 век. Денес уличката е дел од „малиот“ и „големиот“ прстен на замокот (т.е. мора да се плати надомест за да се влезе), додека по работното време на Прашкиот замок, влезот е слободен. Многу од куќите се продавници на сувенири, а тука е и средновековна оружарница во рамките на фортификацијата од 14 век, која е достапна од Златната уличка.
Куќата број 22 ѝ припаѓала на сестрата на писателот Франц Кафка, кој тука творел отприлика две години, 1916-1917. Јарослав Сајферт, кој ја добил Нобеловата награда за литература во 1984 година и кој бил еден од потписниците на Повелба 77, тука живеел во 1929 година.
Златната уличка е поврзана со кулата Далиборка, која служела како зандана.
Наводи
Поврзано Прашки град Прашки замок
Надворешни врски
Категорија:Прашки замок Категорија:Улици во Прага