Основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Дедо Иљо Малешевски“ - Ратево; скратено: ПООУ „Дедо Иљо Малешевски“) — подрачно основно училиште во селото Ратево, составен дел на истоименото училиште од градот Берово.

Училиштето е именувано по војводата Дедо Иљо Малешевски.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Ратево, сместено на влезот во селото.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Берово Ратево Категорија:Ратево