Дивна Вековиќ (, Беране, – непознато, ) – прва жена која станала лекарка во Црна Гора. Покрај тоа што била лекарка, таа и преведувала. Како преведувач, таа била прва жена која го превела „Горски венец“ на француски јазик. Прва објавила и српско-француски речник.

Образование Основно училиште завршила во манастирот Ѓурѓеви Ступови, а потоа нижа гимназија во Скопје. Образованието кое го стекнала во Франција опфаќало едногодишни студии на училиштето за бабици во Амјен, завршен клас при Медицинскиот факултет на Сорбона и двегодишна дентистичка школа која ја завршила во 1917 година во Париз.

Заслуги Покрај преводот на „Горски венец“, познато е дека ги препеала песните на Јован Јовановиќ Змај и го превела Вуковиот „Животот и обичаите на српскиот народ“. Авторка е на два речници по француски јазик, француска граматика и книгата „Крвно умирање“, а во 1926 година во Белград, таа ја одбранила докторската теза по книжевност.[Divna Veković (1886-1944)-the first woman physician in Montenegro]. - PubMed - NCBI

Смрт Како членка на монархистичкото движење, бегала од комунистите. Вистината за нејзината смрт не е официјална, меѓутоа е верувано дека комунистите ја препознале и убиле кај Ѕидан мост и ја фрлиле во Сава во 1944 година.

Наводи

Категорија:Црногорски лекари Категорија:Црногорски преведувачи Категорија:Југословенски лекари Категорија:Југословенски преведувачи