Драган Радосављевиќ (роден во во ) — поранешен српски кошаркар и член на Младинската југословенската машка репрезентација.
Кариера Клупска кариера Радосављевиќ својата професионална кариера ја започнал во Слога од Краљево во 1967 година. Драган, како кошаркар, бил откриен од тогашниот тренер на Слога - Бали Малиќи. Во Слога останал неколку месеци бидејќи, откако поради добрите игри бил забележан од Лазар Лечиќ, се преселил во Работнички, клуб кој се натпреварувал во Првата југословенска кошаркарска лига. Со Работнички во сезоната 1975/76, Радосављевиќ стигнал до полуфиналето на Купот на победниците на куповите. Во тоа полуфинале, за време на гостувањето кај Чинцано Олимпија Милано, Драган заедно со соиграчот Благоја Георгиевски добиле труење од храна, резултирајќи со висок пораз на Работнички поради отсуството на Георгиевски - Буштур и слабиот играчки учинок на заболениот Радосављевиќ.
Потоа Драган се преселил во МЗТ Аеродром со кој успеал да се пласира во Првата југословена лига откако во сезоната 1985/86 МЗТ ја освоил Првата Б југословенска лига - Исток. Следна станица му била австрискиот клуб Валс. Потоа имал играно за Куманово и Гостивар.
Репрезентативна кариера Драган Радосављевиќ бил член на младинската југословенска репрезентација на која бил капитен. Со таа репрезентација предводена од Лазар Лечиќ, Драган ја освоил Балканијадата во Риека во 1970 година. Потоа за време на младинското европско првенство одржано во Атина, Драган со Југославија го освоил четвртото место на Континентот.
Останата кариера Радосављевиќ извесен период бил ангажиран во Кошаркарската федерација на Македонија.
Успеси Клупски титули и успеси Работнички Куп на Југославија : вицепрвак 1976 ФИБА Европски Куп на Победниците на Куповите : полуфинале 1975/76 МЗТ Аеродром Прва Б југословенска лига - Исток (1) : 1985/86
Репрезентативни титули и успеси Младинска репрезентација на Југославија Балканијада (1) : 1970 Европско првенство под 18 години : четврто место 1970
Наводи
Надворешни врски Драган Радосављевиќ на archive.fiba.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Родени во 1949 година Категорија:Југословенски кошаркари Категорија:Југословенски спортисти Категорија:Српски кошаркари Категорија:Српски спортисти