Мојца Злокарник (словенечки Mojca Zlokarnik) е академска: сликарка и графичарка, вонредна професорка и уредничка, родена е во 1969, Љубљана, Словенија. Животопис Завршила Академија за ликовна уметност и вајарство на Универзитетот во Љубљана. Во 1995 година завршила постдипломски студии кај професорката и сликарка Метка Крашовец а магистрирала графика кај професорот Лојзе Логар. Студиски престојувала во Прага, Њујорк и Париз, Бугарија, Германија.
Од 2001 до 2015 година била главен и одговорен уредник на познатата ликовна ревија Ликовни беседи. Денес е член на уредничкиот одбор. Напишала голем број ликовни критики, огледи, есеи, прикази, објавени во истоимената ревија.zbirke
Работи како предавач по ликовна теорија на Високата школа за уметност на Универзитетот во Нова Горица, на Педагошкиот факултет во Марибор и како ментор на одделот за графички техники на Меѓународниот графички центар - МГЛЦ во Љубљана. Творештво Творештво и е реализирано во доменот на сликарството и графиката. Нејзино примарно изразно средство е бојата. Боите хармонично ги поставува во линиски систем со што обединува сликарство графички ликовен израз со кобинација на широк спектар на бои.Zlokarnik
Нејзината естетика и стил припаѓаат на аналитичка апстракција, во која вметнува рефлексивна лирска расположба. Додека во графиката истражува изразити експресивни опции.BARVE
Избор од самостојни изложби 2018 - Градот на боите, копродукција со Кино Шишка, Љубљана 2018 - Вертиго, галерија Кресиља, Љубљана 2017 - Немо говорење, Дом на културата, Нова Горица 2016 – Место и боја, Љубљана 2015 – Три бои, Галерија - Кршко 2015 – Во чест на Фран Весел, Галеријата на ЗДСЛУ, Љубљана 2014 – Не плашете се, вие сте нај добри, Кибла Портал, Љубљана 2013 – Објект на опсервација, Галерија Мурска Собота, Мурска Собота 2013 – Продукција 2010-2012, МГЛЦ, Љубљана 2011 – Персона, галерија на институтот Јозеф Штефан 2009 – Блесок, галерија - Божидар Јакац, Костањевица при Крка 2008 – Малиот Бенарес, Хлоа, Галерија - Екурна, Љубљана 2007 – Малиот Бенарес, Галерија - Микловата куќа, Рибница 2006 - Уметничка асоцијација Ахен, Ахен Германија 2004 - Како да се дофати материјалното пред да се изгуби во ништото, Галерија Ложа Копер и Галерија М, Целовец, Австрија 2003 - Слики на хартија , Петоаголен столб, Љубљански град, Љубљана и Како да се дофати материјалното пред да се изгуби во ништото, Шовчеба куќа, Радовљица 2000 - Графики, Галерија - Медуза, Копер и Хартиени слики, Галерија Екурна, Љубљана 1999 - Галерија Библиотека на Кирил Космач, Толмин 1997 - Словенија + Франција, Галерија Ду Баллај, Руен, Франција и Пронајди се себеси во другиот, КУД Франце Прешерн, Љубљана 1996 - Галерија Куќа, Марибор 1994 - Капелица - Галерија K4, Љубљана 1993 - Гледајте ја, грабнете ја, изедете ја - сликата, Галерија Екурна, Љубљана Награди 2016 - Номинација за награда - Кралицата Соња за графичко творештво, Норвешка 2005 - Награда на Мајскиот салон, Словенија, 2000 - Почесно признание, 5 Меѓународно графичко триенале, Шамолиер, Франција, 1998 - Откупна награда, Адвокатско друштво со ограничена одговорност; Битингајм-Бисинген, Германија 1998 - Откупна награда, 11- то Графичко триенале, Талин, 1996 - Прва награда за анимиран филм - „Кршливоста на најубавите теории“, Фестивал на независни филмови и видеа, Словенија Библиографија
„Како да се дофати материјалноста пред да се претвори во ништо“, Музеј на радовљишката општина, 2002. „Објект на опсервација“, Галерија на Мурска Собота, 2013. „Слики и графики“ 1999in grafike. „Немо Говорење“, Општинска галерија, Нова Горица, 2017.
Наводи
Надворешни врски Galerija Kopar Filmografija Galerija Kopar Žarenje
Категорија:Словенечки сликари Категорија:Словенечки графичари