Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Криволак; скратено: ПООУ „Страшо Пинџур“) — подрачно основно училиште во селото Криволак, составен дел на истоименото училиште од градот Неготино.
Училиштето е именувано по македонскиот народен херој Страшо Пинџур.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Криволак.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Неготино Криволак Категорија:Криволак