Бруно Алферд Деблин (германски: Bruno Alfred Döblin, Штетин, 10 август 1878 — Емендинген, 26 јуни 1957) — германски експресионистички писател и драматург од еврејско потекло. Неговите дела се одликуваат со силна критика на општеството и елементи на фантазијата. Тој е најпознат по неговиот роман „Берлин Александерплац“ .
Биографија Тој е роден во еврејско трговско семејство. Студирал медицина во Берлин, но во исто време бил заинтересиран за филозофијата. Кратко работел како новинар за да отвори психијатриска клиника во Берлин подоцна. Првиот роман, „Три скока на Ванг Лун“, бил објавен во 1915 година. Објавувал експресионистички приказни во списанието „Дер Штурм“. Тој станал претседател на Здружението на писатели на Германија во 1924 година. Романот „Берлин Александарплац“ е пишуван за животот на еден криминалец, во 1929 година. Кога Нацистите ја презеле власта, тој избегал во Париз, каде што добил француско државјанство во 1936 година. Тој ја напишал „Амазонската трилогија“ во 1937 година. Кога Германците ја окупирале Франција, се преселил во Холивуд . Тука, во 1941 година. се пробратил во католик, цитирајќи ги филозофските инспирации за овој чин. По војната, се вратил во Европа и живеел во Германија и Франција.
Наводи
Надворешни врски Интернет презентација на меѓународното здружение Алфред Деблин
Категорија:Германски драматурзи Категорија:Германски писатели Категорија:Германски Евреи Категорија:Починати во 1957 година Категорија:Родени во 1878 година Категорија:Апсолвенти на Хумболтовиот универзитет Категорија:Луѓе од Баден-Баден