Валас Соуса Силва ((португалски: Walace Souza Silva), р. 4 април 1995, во Салвадор), познат и само како Валас, е бразилски фудбалер, играч од средниот ред на Удинезе.
Клупска кариера Гремио Се приклучил на Гремио во 2013 година, а своето деби за клубот го направил една година подоцна. Во 2016 година, дебитирал во Копа Либертадорес, а истата година го освоил и првиот трофеј со клубот, тоа бил Купот на Бразил во кој во финалето клубот од Порто Алегре бил подобар од Атлетико Минеиро.
Хамбургер и Хановер Во јануари 2017 година, бил купен од Хамбургер за сума од околу 10 милиони евра. На 11 февруари, тој го постигнал својот прв гол со новиот тим во победата од 0-3 против Лајпциг. Откако во првите 6 месеци играл само 9 пати, следната година добива повеќе простор. Сепак, на крајот на сезоната 2017-2018, Хамбургер испаднал од Првата Бундеслига.
Во јуни 2018 година, Валас му се приклучил на Хановер 96 на четиригодишниот договор до 2022 година. Надоместокот за трансферот кој му бил платен на Хамбургер бил околу 6 милиони евра, со 10% од надоместокот за поранешниот клуб Гремио. Тој одиграл само една сезона во клубот, со 26 настапи и еден гол во лигата, која завршила со второ последователно испаѓање од лигата за Валас.
Удинезе На 8 август 2019 година, тој бил купен од Удинезе. На 14 септември, го направил своето деби за фриуланците во поразот од 1-0 од Интер, во кој играл како стартер пред да биде заменет од Роландо Мандрагора во 81-вата минута. Својот прв погодок го постигнал на 27 април 2022 година, во победата со 4-0 против .
Репрезентативна кариера Во 2015 година, Валас бил повикан во бразилската репрезентација под 20 години да се натпреварува на јужноамериканското првенство. Тој одиграл 5 натпревари без постигнат гол на турнирот на кој Бразил го освоил четвртото место.
Во јуни 2016 година, Валас бил повикан од селекторот на сениорската репрезентација, Дунга, за Копа Америка Сентенарио (2016), како замена за Луис Густаво (кој го напуштил тимот поради лични причини). Тој настапил само еднаш на турнирот, во победата со 7-1 против Хаити, што бил и негов дебитантски настап за Селесао.
Вeќe следниот месец, Валас бил повикан во Олимписката репрезентација на Бразил за Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро. Повторно како замена, тој влегол во списокот на повикани играчи на местото на Фред, чиј клуб Шахтар Донецк одбил да го ослободи. Тој настапил четири пати на турнирот, а неговата репрезентација го освоила златниот медал и ја обрадувала домашната публика.
Хронологија на репрезенативните настапи Сениорска репрезентација
Олимписка репрезентација
Статистика на кариерата Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 27 април 2022.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2014 Гремио А+А1/РС 19+0 0 КБ 1 0 КЛ 0 0 - - - 20 0 2015 А+А1/РС 34+8 0 КБ 8 0 - - - - - - 50 0 2016 А+А1/РС 24+8 1+3 КБ 8 0 КЛ 4 1 ПЛ 1 0 45 5Вкупно Гремио 77+16 1+3 17 0 4 1 1 0 115 5 јан.-јун. 2017 Хамбургер 1Б 9 1 КГ 2 0 - - - - - - 11 1 2017-2018 1Б 18 1 КГ 1 0 - - - - - - 19 1Вкупно Хамбургер 27 2 3 0 - - - - 30 2 2018-2019 Хановер 96 1Б 26 1 КГ 2 0 - - - - - - 28 1 2019-2020 А 20 0 КИ 2 0 - - - - - - 22 02020-2021А300КИ00 - - - - - -3002021-2022А321КИ20 - - - - - -341Вкупно Удинезе82140----860Вкупно во кариерата 216 7 24 0 4 1 1 0 257 8
Титули Клупски Гремио Куп на Бразил : 1 2016
Репрезентативни Бразил 20px|Златен медал Олимписко злато : 1 2016
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Гремио Категорија:Фудбалери на ФК Хамбургер Категорија:Фудбалери на ФК Хановер 96 Категорија:Фудбалери на ФК Удинезе Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери во Серија А