Бернд Лено (роден на 4 март 1992, во Битхајм-Бисинген) — германски фудбалер, голман на Фулам.
Биографија Бернд Лено е роден на 4 март 1992 во Битхајм-Бисинген, Баден-Вуртембург. Неговиот татко е руски-германец.
Лено се оженил со својата долгогодишна девојка, Софи Кристин, во 2020 година.
Клупска кариера Штутгарт Својата кариера ја започнал во локалниот тим Германија Битигхајм од каде што дошол во Штутгарт во 2003 година. Откако напредувал низ младинскиот сектор, во мај 2011 година, Лено го продолжил договорот со клубот до јуни 2014 година. Во тоа време, тој бил стандарден голман на вториот тим на Штутгарт, кој играл во третата лига.
Бајер Леверкузен На 10 август 2011 година, Лено бил позајмен на Бајер Леверкузен до 31 декември 2011 година. Четири дена подоцна, Лено го имал своето деби во Бундеслигата против Вердер Бремен. Тој станал, по Дирк Крисенберг и Хериберт Макереј, третиот голман во историјата на Бундеслигата кој ја задржал својата мрежа сува во своите први три настапи во Бундеслигата. На 13 септември 2011 година, на возраст од 19 години и 193 дена, играјќи во натпреварот против Челси во групната фаза од Лигата на шампионите, тој станал најмладиот германски голман што некогаш играл во натпреварувањето.
На 30 ноември 2011 година, трансферот на Лено во клубот бил направен перманентен, откако Бајер Леверкузен го откупил потпишувајќи договор со него до 2017 година. Лено станал редовен играч во првиот тим и по низа импресивни настапи, на 8 ноември 2013 година, тој потпишал подобрен договор што го задржил во клубот до 2018 година. Тој го одиграл својот 300-ти натпревар за „фармацевтите“ на 14 април 2018 година, во победата од 4–1 над Ајнтрахт Франкфурт во првенството.
Арсенал На 19 јуни 2018 година, англискиот клуб Арсенал објавил дека Лено потпишал петгодишен договор со нив, по комплетирањето на трансферот вреден 22,5 милиони фунти.
Своето деби за Арсенал, Лено го имал во победата со 4–2 над украинската екипа Ворскла Полтава во Лига Европа, додека своето деби во Премиер лигата го имал во победата од 2–0 на домашен терен над Вотфорд, заменувајќи го стартниот голман Петр Чех, кој се повредил во првото полувреме. Тој бил пофален за неговиот настап од менаџерот Унаи Емери, кој рекол: „Тој работи многу добро со тренерите на голманите. Разговарав со него и му реков дека најважно е кога тимот ќе има потреба од него да ни помогне, да биде подготвен. Тој го направи тоа во средата и денес - и против Ворскла. Имаме три многу добри голмани. Петр Чех, неговите настапи за нас беа многу важни, како и неговото искуство. Лено може да учи од тоа што е блиску до него секој ден. Многу сум среќен со него. Тој го чекаше својот момент и тој дојде.“
Лено бил второпласиран во изборот за Играч на сезоната на Арсенал за сезоната 2019–2020, освојувајќи 16 проценти од конечните гласови. На 25 февруари 2021 година, тој го одиграл својот 100-ти натпревар за Арсенал во сите натпреварувања во победата од 3–2 над Бенфика во шеснаесттинафиналето на Лига Европа. Во сезоната 2021–2022, Арсенал го довеле Арон Рамсдејл, кој бил претпочитан како стартен голман, поради што Лено бил користен како резерва.
Фулам На 2 август 2022 година, Лено потпишал тригодишен договор со Фулам, со можност за продолжување на соработката за уште една година, откако лондонскиот клуб му платил на Арсенал 8 милиони фунти.
Репрезентативна кариера Првиот повик да игра за репрезентацијата на Германија бил во октомври 2015 година за квалификациските натпревари за ЕП 2016 година. против Ирска и Грузија .
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 13 септември 2025.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2009-2010 3Л 17 -19 - - - - - - - - - 17 -19 2010-2011 3Л 37 -46 - - - - - - - - - 37 -46 2011-2012 3Л 3 -3 - - - - - - - - - 3 -3Вкупно Штутгарт II 57 -68 - - - - - - 57 -68 2011-2012 БЛ 33 -42 КГ 0 0 ЛШ 8 -18 - - - 41 -60 2012-2013 БЛ 32 -34 КГ 2 -2 ЛЕ 6 -5 - - - 40 -41 2013-2014 БЛ 34 -41 КГ 4 -3 ЛШ 8 -16 - - - 46 -60 2014-2015 БЛ 34 -37 КГ 4 -2 ЛШ 102 настапи во квалификациските кола. -72 гола примени во квалификациските кола. - - - 48 -46 2015-2016 БЛ 33 -38 КГ 4 -4 ЛШ+ЛЕ 8+4 -13Еден примен гол во квалификациските кола. + -3 - - - 49 -58 2016-2017 БЛ 34 -55 КГ 1 -1 ЛШ 7 -8 - - - 42 -64 2017-2018 БЛ 33 -40 КГ 5 -9 - - - - - - 38 -49Вкупно Бајер Леверкузен 233 -287 20 -21 51 -70 - - 304 -378 2018-2019 ПЛ 32 -42 ФАКуп+ЛК 0+1 -1 ЛЕ 3 -2 - - - 36 -45 2019-2020 ПЛ 30 -39 ФАКуп+ЛК 0+0 0 ЛЕ 2 -2 - - - 32 -41 2020-2021 ПЛ 35 -37 ФАКуп+ЛК 2+2 -1 + 0 ЛЕ 10 -10 КШ 0 0 49 -48 2021-2022 ПЛ 4 -9 ФАКуп+ЛК 1+3 0 + -2 - - - - - - 8 -11Вкупно Арсенал 101 -127 9 -4 15 -14 0 0 125 -1452022-2023 ФуламПЛ36 -51ФАКуп+ЛК1 -3 - - - - - -37 -54 2023-2024 ПЛ 38 -61 ФАКуп+ЛК 0+3 0 + -4 - - - - - - 41 -65 2024-2025 ПЛ 38 -54 ФАКуп+ЛК 2+0 -4+0 - - - - - - 40 -58 2025-2026 ПЛ 4 -4 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 - - - - - - 4 -4Вкупно Фулам 116 -170 6 -11 - - - - 122 -181Вкупно во кариерата 507 -652 35 -36 66 -84 0 0 608 -772
Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Германија201630201730202020202110Вкуно90
Титули Арсенал ФА Комјунити Шилд : 1 2020
Германија до 17
Европско првенство за играчи под 17 години : 1 2009.
Германија
Куп на конфедерации : 1 2017
Наводи
Надворешни врски
Бернд Лено на soccerway Бернд Лено на transfermarkt Бернд Лено на espn Бернд Лено на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Германски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Штутгарт Категорија:Фудбалери на ФК Баер Леверкузен Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Фулам Категорија:Фудбалски голмани