200px|мини|Тили Флајшер на Олимписките игри во Берлин, 1936 година Отили „Тили“ Флајшер (германски: Ottilie "Tilly" Fleischer, Франкфурт на Мајна, 29 јануари 1908 - Лар 14 јули 2005 ) — поранешна разновидна германска атлетичарка, ракометарка, тенисерка, олимписки победник во фрлање копје 1936 година во Берлин.
Животопис Тили Флајшер била ќерка на месар. На возраст од десет години почнала да се занимава со спорт, како член на спортскиот клуб Ајнтрахт од Франкфурт. Таа играла тенис и била успешна на почетокот на кариерата. Како десетгодишна станала и шампион во Франкфурт. Таа го заменила тенисот со атлетика. Таа се натпреварувала и во фрлање диск, а била и најдобра во фрлање копје. Во оваа дисциплина двапати освојувала медали на Олимписките игри, во 1932 година во Лос Анџелес и 1936 година во Берлин (бронза во 1932 година и злато во 1936 година). По завршувањето на Олимписките игри во 1936 година таа ја завршила атлетската кариера, но останала да тренира ракомет во РК Ајнтрахт Франкфурт со кој тим го освоила државното првенство во 1943 година. По Втората светска војна, таа била сопственик на две продавници за кожни производи, во Лара и Кел.
Личен живот Таа имала две ќерки од својот прв брак. По победата на Олимписките игри во 1936 година, таа имала осуммесечна врска со Адолф Хитлер. Се сомневало дека нејзиното прво дете е од таа афера.Simon Dunstan/Gerrard Williams: Grey Wolf: The Escape of Adolf Hitler Сомнежите биле потврдени кога во 1966 година нејзината ќерка Гисела Хосен, врз основа на признанието на нејзината мајка, ја објавила книгата Мојот татко Адолф ХитлерJ.M-M:: Gisela, das Hitlerkind | ZEIT ONLINE
Поважни резултати
Летни олимписки игри
1932 Фрлање копје - 43,01 м, бронзен медал Фрлање диск - 26,12 м, четврто место Штафета 4 х 100 м - 50,0 сек, шесто место
1936 Фрлање копје - 45,18 метри, златен медал и олимписки рекорд (го постигнала во вториот обид (44,69))
Наводи
Надворешни врски Профил на sports-reference.com
Категорија:Германски тенисери Категорија:Германски атлетичари Категорија:Починати во 2005 година Категорија:Родени во 1911 година