Фихсе Берлин — професионален ракометен клуб од Берлин, Германија, кој моментално се натпреварува во Бундеслигата, највисоката ракометна лига во Германија. Своите домашни натпревари Фихсе Берлин ги игра во салата Макс Шмелинг. Клубот е дел од Спортскиот клуб Фихсе Берлин Рајникендорф, кој освен машка има и женска селекција.
Мажи Историја thumb|десно|250п|Екипата во 2009 година thumb|десно|250п|Екипата во сезона 2011/2012 година thumb|десно|250п|Екипата во 2012 година thumb|десно|250п|Натпревар на домашен терен Во сезоната 1981/82 година, Фихсе Берлин ја одиграл својата прва сезона меѓу елитата, сезона која завршила со многу доброто трето место, синоним за квалификациите за Купот на ИХФ следната сезона; сезона која била помалку задоволителна од претходната сезона, со оглед на тоа што берлинскиот клуб завршил на шестото место во првенството и затоа не се квалификувал повторно да учествува во европски куп уште следната сезона. Во германскиот куп, клубот бил елиминиран во шеснаесетфиналето од идниот победник на натпреварот и исто така и идниот шампион на Германија, Гумербах.
Оваа сезона од 1982/1983 година беше исто така сезоната кога клубот се претставил за првпат во Европа, со прилично добар европски курс откако Фихсе Берлин го победил од еден од најсилните ракометни клубови во Шпанија, БМ Гранолерс. Во четвртфиналето против источногерманскиот клуб на Емпор Росток, на гостински терен бил поразен со 18:16 во Росток, а на домашен терен издвојувал победа со резултат од 18:16, п се квалификувал за следната фаза поради правилото за бројот на постигнати голови на гостински терен. Првата европска кампања на клубот завршила во полуфиналето, клубот бил поразен двапати на од Запорожје, идниот победник на турнирот, и тоа со резултат од 15:19 на гостински терен и 15:17 на домашен терен.
Сезоната 1983/84 Фихсе Берлин завршил на шестото место, исто како и претходната сезона, сепак, Фихсе Берлин направил извонредна кампања во Купот на Германија, стигнувајќи до финалето каде бил совладан од Гросвалштат. Така, Фихсе Берлин бил квалификуван за Купот на куповите следната сезона.
Сезоната 1984/85 завршил на деветтото место, додека во Купот на победниците, Фихсе Берлин бил елиминиран од швајцарскиот клуб ТСВ Сент Отмар Сент Гален во осминафиналето. И покрај победата од 20:16 на домашен терен, клубот не можел да стори ништо во Швајцарија каде загубил со 12-23.
Во сезоната 1985/1986 година Фихсе Берлин испаднал од Бундеслигата, завршувајќи на 14-тото место, со само две победи и два нерешени натпревари. Следната 1986/1987 година, екипата завршила на 13-тото место во Втората Бундеслига, со што морала да се спушти за уште едно ниво во ракометната лига на Германија.
Откако престојувал многу сезони во пониските лиги, клубот најпрво успеал да се квалификува во Втората Бундеслига во 2002 година, но екипата не постигнасла поголем успех, завршувајќи на 15-то место од 18 екипи во 2003 година, 14-то место од 18 екипи во 2004 година, 12-то место од 18 екипи во 2005 година. Истата година била обележана со доаѓањето на поранешниот тренер на египетската машка ракометна репрезентација, Јорн-Уве Ломел, кој по завршувањето на 13-тото место од 20 екипи во 2006 година, ја направи следната сезона успешна, завршувајќи на првото место во првенството.
Сезоната 2007/2008 Фихсе Берлин завршил на 12-тото место од 18 екипи, додека во Купот на Германија, клубот ја завршил својата кампања во третото коло каде бил елиминиран од ХСГ Диселдорф. Сезоната 2008/2009 завршил на 10 место, со две места подобар пласман од претходната сезона додека во германскиот куп, клубот повторно не го поминал третото коло бидејќи бил елиминиран од СГ Фленсбург. Во сезоната 2009/2010 година, екипата добила нов тренер на кормилото, Дагур Сигурдсон, кој го одвел Фихсе Берлин на средниот дел од табелата, на 9-тата позиција од 18 екипи, едно место повеќе од претходната сезона.
Кон почетокот на сезоната 2010/2011, клубот направил некои трансфери со цел да се зајакне јадрото на тимот вклучувајќи го и исландскиот десен бек Александар Петерсон, од СГ Фленсбург-Хандевит, и полуцентарот Денис Шполјариќ, од РК Загреб. Оваа сезона екипата постигнала подобар пласман, завршувајќи на 3-тото место во сезоната и добивајќи можност да настапува во Лигата на шампиони. Во германскиот куп, клубот овој пат стигнал до четвртфиналето каде повторно бил поразен од ТХВ Кил со резултат од 25:31.
Пред почетокот на сезоната 2011/2012, берлинскиот клуб се засилил со шпанскиот полуцентар Икер Ромеро од РК Барселона и шведскиот лев бек Џонатан Стенбакен. Во текот на сезоната, Фихсе Берлин завршил на третото место, како и во претходната сезона кога во германскиот куп, бил елиминиран во нокаут фазите од Кил по третпат во низа, со резултат од 28:39. Во Лигата на шампионите, турнир во кој Фихсе Берлин се натпреварувал за првпат, клубот ги минал групните фази завршувајќи трет во групата Б зад Атлетико Мадрид и Веспрем, но пред Келце. Во шеснаесетфиналето, Берлин ги елиминирал своите сонародници Хамбург со резултат 32:30 на домашен терен и на гости од 24:23. Во четвртфиналето, Адемар Леон во првиот натпревар ја поразил екипата на Фихсе Берлин со голема разлика (34:23), но во вториот натпревар Фихсе успеал да ја врати разликата, победувајќи 29:18, со кое екипата се квалификувала за полуфиналето. Во полуфиналето, против големиот ТХВ Кил, Фихсе Берлин бил поразен минимално со резултат од 24:25. Во натпреварот за трето место, Фихсе Берлин бил поразен од Копенхаген со резултат од 21:26.
Со пристигнувањето на рускиот интернационалец Константин Игропуло од РК Барселона и норвешкиот интернационалец Барж Лунд од Рајн-Некар Левен клубот ја започнал оваа нова сезона 2012/2013 со нови амбиции. Сепак, завршил со мала регресија бидејќи клубот завршил само на четвртото место и затоа бил квалификуван за ЕХФ Купот следната сезона. Во германскиот Куп, берлинскиот клуб бил елиминиран во третото коло од Либебек со 32:28. Во Лигата на шампионите, Фихсе Берлин ги поминал групните фази завршувајќи втор во групата Д зад Барселона и Динамо Минск и пред Сегед. Во шеснаесетфиналето, против Атлетико де Мадрид, финалист во 6 од последните 8 изданија, клубот остварил многу добро реми во Мадрид со резултат од 29:29 во првиот натпревар, но во Берлин бил поразен со резулат од 26:27, благодарение на голот на Кире Лазаров на 25 секунди од крајот на натпреварот.
На крајот на сезоната 2014/2015 година, Фихсе Берлин завршил на петтото место во германското првенство и затоа бил квалификуван за ЕХФ Купот. Следната сезона, берлинскиот клуб повторно настапувал во Купот на ЕХФ. По елиминацијата на ХБЦ Нант во третото квалификациско коло, клубот завршил на првото место во групата 3 пред Хандболд и Порто и Војводина и со тоа директно се квалификувале за следната завршна фаза. Додека претходната сезона не успеае на сопствен терен (завршниот турнир се игра во нивната сала), оваа сезона Фихсе Берлин во полуфиналето бил поуспешен од Хандболд (27-23), а во финалето биле подобри против Хамбург со резултат од 30-27.
Натпреварувања Германска лига Од сезоната 2005/06 година, клубот настапува под ова име во Втората Бундеслига, сезона север. Во сезоната 2006/07 година, „Лисиците“ завршиле на првото место во втора лига, и со тоа обезбедиле пласман во Бундеслигата во следната сезона. Вториот тим настапувал во сезоната 2010/11 во Втората Бундеслига и е во третата лига од воведувањето на единствена патека во оваа лига во 2011 година.
На 13 април 2014 година, „Лисиците“ ја освоиле првата титула во историјата на клубот со Купот на Германија 2013/14. Во финалето ја совладаале екипата на Фленсбург со 22:21.
Севкупно, Фихсе Берлин до сезоната 2018/19 ја играат својата 17-та сезона во Бундеслигата, која била раширена низ годините од 1981 до 1986 и повторно од 2007 година.
Во сезоната 1981/82, екипата го освоила третото место во лигата, кое до денес не е надминато. Истата сезона, Фихсе Берлин се квалификувал за Купот на ЕХФ. Во наредните години, сепак, екипата не можела да ги повторни истите резултати. Како финалист на купот во 1984 година клубот бил во можност по вторпат да обезбеди место за европските купови. Откако Вили Бенџко, кој бил еден од најодговорните за првичните успеси на клубот се повлекол, клубот многу бргу се соочил со испаѓање од лигата.
{| class="wikitable zebra mw-collapsible mw-collapsed" style="font-size: 90%; text-align: center; width: 60em;" |- Сезони 1981–1986 Сезона Лига Место Победи Нерешени Порази Головна разлика БодовиТренер Посетеност 1981/82 Бундеслига 3 (14) 14 6 6 532:492 34:18 Дон 115/82 2924 1982/83 Бундеслига 6 (13) 11 4 9 475:441 26:22 Дон 115/77 3388 1983/84 Бундеслига 6 (14) 12 4 10 538:537 28:24 Дон 121/68 2041 1984/85 Бундеслига 9 (14) 8 6 12 559:562 22:30 Вукоје 155/56 1451 1985/86 Бундеслига 14 (14) 2 2 22 501:654 6:46 Елезовиќ 183/68 818
Откако биле промовирани во 2007 година, „Лисиците“ добиле можност да се воспостават цврсто во лигата, развивајќи се во врвен тим во лигата од 2010 година. Со титулата најдобар стрелец за Конрад Вилчински во сезоната 2007/08, клубот постигнал и поединечен успех. Во сезоната 2010/11, екипата за првпат се квалификувала како третопласирана во Лигата на шампионите. Во сезоната 2011/12 година, Лисиците завршиле на третото место на табелата и се квалификувале повторно во Лигата на шампионите. Ова било проследено со четвртото место во сезоната 2012/13 година, кое дало право на учество во Купот на ЕХФ, по загубената рунда од квалификациите во Лигата на шампионите против ХСВ Хамбург. Во сезоната 2013/14, покрај победата во Купот на ДХБ, на крајот тимот завршил на петтото место во лигата. Во сезоната 2015/16 година, Петар Ненадиќ бил најдобар стрелец со 229 погодоци.
Сезони 2007 Сезона Лига Место Победи Нерешени Порази Головна разлика БодовиТренер Посетеност 2007/08 Бундеслига 11 (18) 11 3 20 941:1018 25:43 Вилчински 237/127 6477 2008/09 Бундеслига 10 (18) 13 4 17 1023:1039 30:38 Kubisztal 180/22 7435 2009/10 Бундеслига 9 (18) 20 0 14 977:943 40:28 Булт 123/38 8124 2010/11 Бундеслига 3 (18) 26 3 5 967:860 55:13 Кристиферсен 153/0 8172 2011/12 Бундеслига 3 (18) 25 3 6 1016:877 53:15 Нинчевиќ 156/42 7681 2012/13 Бундеслига 4 (18) 24 3 7 976:892 51:17 Игропуло 146/48 7656 2013/14 Бундеслига 5 (18) 22 2 10 953:882 46:22 Игропуло 158 7962 2014/15 Бундеслига 7 (19) 18 4 14 997:1004 40:32 Ненадиќ 169 7407 2015/16 Бундеслига 5 (17) 19 4 9 909:825 42:22 Ненадиќ 229 8207 2016/17 Бундеслига 4 (18) 23 5 6 986:889 51:17 Ненадиќ 182 7487 2017/18 Бундеслига 3 (18) 25 3 6 968:875 53:15 Линдберг 169 7537 2018/19 Бундеслига 6 (18) 19 0 15 923:898 38:30 Линдберг 160 7689
Европска лига