Филип Шварцерд (германски: Philipp Schwartzerdt) познат како Филип Меланхтон (Melanchthon) бил германски теолог и верски реформатор. Тој се смета за еден од основачите на лутеранството, заедно со Лутер . Двајцата биле познати по ставовите за претерување во однос на светците, простување на гревовите врз основа на добронамерност и ритуал на покајанието. Тие тврделе дека овие дела не донесуваат спасение. Меланхон воспоставил разлика помеѓу „законите“ и „евангелијата“, што е една од основните идеи во лутеранството. Законот е даден во Стариот и Новиот завет, додека Евангелието се однесува на дарот на благодатта Божја, која се стекнува со вера во Исус Христос.

Тој е автор на Аугсбуршката исповед од 1530 година во која е претставена главната лутеранска верска доктрина.

Литература http://www.britannica.com/EBchecked/topic/373644/Philipp-Melanchthon

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Германски теолози Категорија:Протестантството во Германија Категорија:Протестантска реформација Категорија:Починати во 1560 година Категорија:Родени во 1497 година Категорија:Апсолвенти на Хајделбершкиот универзитет