Црна топола () — вид топола од родот на тополите (Populus), по потекло од Европа и југозападна Азија. Ова е големо листопадно дрво кое достигнува височина од 30-40 м, а некои достигнуваат дури и 50 м. Листовите му се делтоидни со должина од 5 до 11 см, а по боја зелени на лицето и опачината; лисната основа е клинеста, а лисниот раб е назабен.

Постојат две сорти, а некои ботаничари додаваат и трета: Populus nigra сорта nigra. Јужна и Средна Европа, како и југозападна Азија ако не ја разликуваме сортата afghanica. Листовите и фиданките се ќоси; кората е сивкасто-кафена, дебела и избраздена. Populus nigra сорта betulifolia. Северозападна Европа (Франција, Англија). Жилите на лисјата и фиданките се фино-брановити; кората е сивкасто-кафена, дебела и избраздена. Populus nigra сорта afghanica. Југозападна Азија; многу ботаничари ја сметаат за одгледана потсорта на сортата nigra; мазна кора, речиси бела; листовите и фиданките како кај сортата nigra.

Постојат и неколку одгледани потсорти, кои виреат од гранчиња: 'Italica'. Вистинска ломбардска топола, одгледана во Ломбардија, северна Италија, во XVII век. Рате шилесто со мошне тесна крошна. Бидејќи по потекло е Средоземна, приспособена е на топли, суви лета, што значи дека на влажна клима расте слабо и брзо умира (заради неспремноста за габични болести. Машки клон. Плантиереска група. Група клонови добиена со вкрстување на 'Italica' со P. nigra сорта betulifolia во Планиерескиот расадник близу Мец, Франција во 1884; слична на 'Italica', но со малку поширока крошна. Подобро приспособена на поладната и повлажна клима во северозападна Европа, каде италијанската сорта не вирее добро. Се одгледуваат и машки и женски клонови. Ова дрво најчесто го среќаваме на Британските Острови под називот „Lombardy Poplar“. 'Gigantea'. Уште еден шилест клон, но од непознато потекло, со поширока и поразиграна коршна од италијанската. Женски клон. 'Afghanica'. Сите примероци на afghanica доаѓаат од еден ист клон, и затоа многу ботаничари ја сметаат за одгледана потсорта, а не ботаничка сорта. Исто така шилеста, слична на 'Italica', но со приметлива бела кора; се разликува од 'Italica' и по тоа што е женски клон. Често се среќава во југозападна Азија и југоисточна Европа (на Балканот), каде била донесена во турско време. Позната и како 'Thevestina'. мини|лево|Исечени црни (канадски) тополи во нас. Капиштец, Скопје

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Тополи Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Украсни дрва