Свен Улрајх (роден на 3 август 1988, во Шорндорф) — германски фудбалер, голман на Бајерн Минхен.

Кариера Почетоци Улрајх ја започнал својата кариера на петгодишна возраст во Лихтенвалд, мал клуб во истоимената општина во областа Еслинген. По една година во тој клуб, Улрајх се преселил во Шорнбах, локален клуб во неговото родно место, каде се задржал четири години пред да дојде во младинскиот сектор на Штутгарт во 1998 година.

Во 2005, тој го освоил со Штутгарт германското првенство за млади. Во сезоната 2005-2006, тешката повреда на рамото ја загрозила неговата кариера, но сепак тој се опоравил и продолжил да игра. Откако одиграл 22 од 23 натпревари за младинската екипа, тој го имал своето деби за вториот тим на Штутгарт на 3 март 2007 година, во Регионалната лига Југ против .

Штутгарт

Откако станал редовен на голот на Штутгарт II, во јануари 2008 година, Улрајх бил промовиран во првиот тим на Штутгарт. Неговото деби во Бундеслигата дошло на 9 февруари 2008 година, во поразот со 3-1 од Херта, додека својата прва победа како стартен голман ја остварил на 16 февруари 2008 година, против .

Во следната сезона, тој бранел на 36 од 38 натпревари, за вториот тим во новосоздадената 3. лига. Во исто време, тој бил трет голман во првиот тим зад Јенс Леман и Александар Штолц. Во сезоната 2009-2010, тој одиграл 5 натпревари за првиот тим, пред да стане регуларен прв голман на тимот почнувајќи од сезоната 2010-2011. Во следните три сезони, тој не пропуштил ниту еден натпревар во Бундеслигата бранејќи во сите 34 кола. На 20 јануари 2012 година, тој го продолжил договорот до јуни 2017 година. Дресот на Штутгарт го носел до крајот на летото 2015 година, забележувајќи вкупно 220 настапи за клубот.

Баерн Минхен thumb|left|Улрајх на тренинг со Бајерн (2017)

Пред почетокот на сезоната 2015-2016, Улрајх преминал во Бајерн Минхен, потпишувајќи договор до 30 јуни 2018. Доведен како втор голман зад Мануел Нојер, Улрајх го направил своето деби за Бајерн на 9 август 2015 година, во победата со 1-3 на гости над нисколигашот Нотинген во првото коло на Купот на Германија.

На 9 декември 2015 година, тој го имал своето деби во УЕФА Лигата на шампионите во победата од 2-0 во последниот натпревар од групата против Динамо Загреб. Во својата прва сезона, тој ги освоил првенството и купот на Германија.

Забележувајќи само 10 настапи вкупно во првите две сезони, Улрајх нашол повеќе простор да застане на голот на Бајерн во сезоната 2017-2018, поради долготрајната повреда на Нојер. Во оваа сезона Улрајх забележал 29 настапи во првенството придонесувајќи за освојувањето на титулата, потоа 6 во купот, 11 во Лигата на шампионите и настапил во Суперкупот на Германија каде имал одлучувачка улога бранејќи ги ударите на Себастијан Роде и Марк Бартра при победата на пенали над Борусија Дортмунд. Сепак, во текот на сезоната, тој имал и лоши моменти, правејќи грешка во полуфиналето на Лигата на шампиони против Реал Мадрид, што на крајот „баварците“ ги чинела елиминација од натпреварувањето.

Откако Нојер се опоравил и се вратил меѓу стативите, тоа му оставило малку простор за игра на Улрајх. Во следните две сезони, тој одиграл само 12 натпревари во сите натпреварувања.

Хамбургер Откако Бајерн го потпишале голманот Александар Нибел во летото 2020 година, поради голем јавен интерес, се појавиле дискусии за тоа кој ќе биде резерва зад Мануел Нојер во иднина. Не сакајќи да заврши како трет избор во Бајерн, Улрајх се преселил во клубот од 2. Бундеслига, Хамбургер, на почетокот на октомври 2020 година, кратко пред крајот на преодниот рок, потпишувајќи тригодишен договор. Таму, 32-годишникот веднаш ја презел функцијата стартер на местото на Даниел Хојер Фернандеш, под водство на новиот главен тренер Даниел Тиун.

По завршувањето на својата единствена сезона во клубот, која ја завршил со 32 настапи во првенството, договорот на Улрајх со Хамбургер бил предвреме раскинат.

Враќање во Бајерн Минхен На 27 јуни 2021, Улрајх се вратил во Бајерн Минхен, повторно како втор голман зад Нојер. На 11 ноември 2022, тој го продолжил договорот со Бајерн до 2024.

Репрезентативна кариера Улрајх бил дел од репрезентациите на Германија под 16, под 19 и под 21 година, а добил еден повик и во сениорската репрезентација во 2019 година, без да дебитира.

Титули Бајерн Минхен Бундеслига : 8 2015–2016, 2016–2017, 2017–2018, 2018–2019, 2019–2020, 2021–2022, 2022–2023, 2024–2025 Куп на Германија : 3 2015-2016, 2018-2019, 2019-2020 Суперкуп на Германија : 6 2016, 2017, 2018, 2021, 2022, 2025 Лига на шампиони : 1 2019-2020 Суперкуп на УЕФА : 1 2020

Наводи

Надворешни врски

Свен Улрајх на soccerway Свен Улрајх на transfermarkt Свен Улрајх на espn Свен Улрајх на whoscored Свен Улрајх на worldfootball.net

Категорија:Германски фудбалери Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Фудбалери на ФК Штутгарт Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери на ФК Хамбургер Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1988 година