Џедефре (исто така познат како Џедефра и Раџедеф) — древен египетски фараон наЧетвртата династија за време на Старото Кралство. Тој е добро познат под неговото хеленизирано име Ратоисес (од Манетон). Џедефре бил син и непосреден престолонаследник на Хуфу, градителот на Големата пирамида од Гиза, а која била неговата мајка не се знае со сигурност. Тој бил крал кој ја претставил кралската титула Са-Ре (што значи „Синот на Ра“) и првиот кој го поврзал неговото име од картушата со богот на сонцето Ра.
Семејство мини| Статуа на Сетка со впишано неговото име и титули, Музејот во Лувр Џедефре се оженил со вдовицата на својот брат Каваб, Хетеферес II, која им била сестра и на двајцата, и која можеби се омажила со нивниот трет брат, Хафре, по смртта на Џедефре.Dodson & Hilton, p.55 Уште една кралица, Хентетенка, е позната од фрагменти од статуата во храмот во Абу Роваш.Dodson & Hilton, p.59
Владее лево|мини|210x210пкс| Картуша со името на Џедефре од Кралскиот список во Абидос мини| Главата на Џедефре, кип од црвен гранит, Музеј во Лувр Кралскиот список од Торино му припишува на Џедефре владеење од осум години, а најголемиот број на години во кои владеел е 11.Miroslav Verner, Archaeological Remarks on the 4th and 5th Dynasty Chronology, Archiv Orientální, Volume 69: 2001, p.375
Џедефре изградил (сега руинирана) пирамида во Абу Раваш, околу 8 километри на север од Гиза. Тоа е најсеверниот дел од некрополата Мемфис.
Некои веруваат дека сфингата на неговата сопруга, Хетеферес II, била првата направена сфинга. Таа била дел од пирамидалниот комплекс на Џедефре во Абу Раваш. Во 2004 година, францускиот египтолог Васил Добрев известил дека Џедефре наредил да се изгради Сфингата во Гиза според сликата на неговиот татко.Riddle of the Sphinx
Наводи
Надворешни врски
Загатката на Сфингата
Категорија:Починати во непозната година Категорија:Родени во непозната година Категорија:Фараони од Четвртата египетска династија