десно|мини|302x302пкс| Цртање на списокот, 1843 година Кралскиот список од Карнак, список на рани египетски кралеви врежани во камен, се наоѓал во југозападниот агол на Фестивалната сала на Тутмос III, во средината храмот посветен на Амон, во комплексот на храмови во Карнак, денешен Луксор, Египет. Составен за време на владеењето на Тутмос III, во него се набројани шеесет и еден крал, почнувајќи со Снофру од египетското Старо Кралство. Само имињата на триесет и деветте кралеви сè уште се читливи, а еден не е напишан во картуш (граница што се користи нормално за да го опколи името на кралот).
Ова не е целосен список на египетските фараони, бидејќи за другите кралеви знаеме од други антички списоци, но овој список е важен затоа што ги содржи имињата на кралевите од Првиот и Вториот преоден период, кои се исфрлени во повеќето други кралски списоци.
За првпат списокот бил опишан од Џејмс Бартон во 1825 година.Burton, James: "Excerpta Hieroglypica", Plate Ia, Cairo, 1825 Во 1843 година, германската експедиција предводена од египтологот Карл Ричард Лепсиус, патувала низ реката Нил до Карнак. Еден француски авантурист, Емил Прис де Авенс, една ноќ ги расклопил и ги украл блоковите со кралскиот список, и го испратил дома во Франција."L'Illustration, Journal Universel", Vol. VII, p 244-245, Paris 1846Monderson, Frederick. "Temple of Karnak: The Majestic Architecture of Ancient Kemet" p. 58 Многу оштетен, списокот сега е изложен во ЛуврChapelle des ancêtres in the Sully wing, Rez-de-chaussée, Room 12, Catalogue number E13481bis во Париз. центар|мини|800x800пкс| Цртеж на кралскиот список од Карнак. Обоениот дел постои, белите делови се повеќе или помалку изгубени.
Повврзано
Кралски список од Абидос Списокот на Манетон Каменот од Палермо Табла од Сакара Кралски список од Торино Кралски список од Мединет Хабу
Наводи
Надворешни врски
Цртежот на Лепсиус од APAW 1852 од Берлин-Бранденбургската академија Кралскиот список од Карнак со сите хиероглифи, извори и слики
Категорија:Стар Египет Категорија:Староегипетска книжевност