Хамбирен () — општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 6 километри северно од окружниот град Целе.
Географија
Хамбирен се наоѓа 6 километри западно од окружниот град Целе. Реката Алер тече низ северниот дел на општината.
Општински единици
Општината Хамбирен се состои од следниве места:
Хамбирен (село - означено како Хамбирен I) и Хамбирен (населба - означено како Хамбирен II) Алерхоп Олдау Офелгене Риксферде Шенхоп
Историја
Од летото 1944 до февруари 1945 година постоел подкамп на концентрацискиот камп Берген-Белзен во Хамбирен. Опкружени од СС-војници, во кампот биле сместени околу 400 затворенички, кои биле приморани да го прошират поранешниот рудник за поташа и да поставуваат железнички пруги до него, проект на претпријатието Хохтиф. Тунелите биле наменети како производствено место за бременскиот производител на авиони Фоке-Вулф.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Целе (округ)