Унтерлис () — село и поранешна општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1 јануари 2015 година е дел од општината Зидхајде.

Се наоѓа околу 30 километри североисточно од окружниот град Целе и 25 километри југозападно од градот Илцен.

Географија Местоположба

Унтерлис се наоѓа во близина на Лисвалд, големо шумско подрачје со мешана шума.

Кон општината припаѓале местата: Гехефте Алтензотрит, Линсхолц, Лутерло, Нојензотрит, Но-Лутерло, Нојшредерхоф, Шафстал, Шредерхоф, Зиденхолц и Терхоф.

Историја

Од август 1944 до април 1945 година постоел подкамп на концентрацискиот камп Берген-Белзен во Унтерлис-Алтензотрит. Чувани од СС-војници, околу 600 затворенички биле принудени да ја чистат шумата или да работат во фабриката „Рајнметал“.

Наводи

Надворешни врски Официјална страница

Категорија:Поранешни општини во Долна Саксонија Категорија:Целе (округ) Категорија:Села во Долна Саксонија