Од никаде (германски: Aus dem Nichts) - германски филм од 2017 година во режија на Фатих Акин, кој е автор и на сценариото, заедно со Харк Бом. Главните улоги ги играат: Диане Кругер, Денис Москито, Јоханес Криш и Адам Бусдукос. Филмот ја освоил наградата „Златен глобус“ за најдобар странски филм, а Диане Кругер ја добила наградата „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал.Кинотека на Република Северна Македонија, Програма мај 2019.
Синопсис Во филмот се обработува темата за последиците од тероризмот. Животот на Катја наеднаш се распаѓа кога сопругот Нури и синчето Роко ќе погинат во теористички напад. Нејзиното семејство и пријателите се обидуваат да ѝ помогнат и Катја некако успева да ја преболи загубата на своите најблиски. Меѓутоа, таа е опседната со мислата да се пронајдат сторителите на нападот, како и со причините за него, а тоа создава рани кај неа и раѓа сомневања. Адвокатот Данило, најдобриот пријател на Нури, ја застапува Катја на судењето на двајцата осомничени - млад пар неонацисти. Судењето ја полудува Катја и, откако не може да ја добие правдата по судски пат, таа се подготвува за одмазда.Кинотека на Република Северна Македонија, Програма мај 2019.
Наводи
Категорија:Германски филмови Категорија:Филмови на германски јазик Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Филмови на Фатих Акин Категорија:Филмови со Диане Кругер Категорија:Филмови со Јоханес Криш Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Германија