Мисија Лондон (англиски: Mission London) — филм од 2010 година во режија на Димитар Митовски, кој е автор и на сценариото, заедно со Делјана Манева и Алек Попов. Сценариото е засновано врз истоимениот роман на Алек Попов. Главните улоги ги играат: Ралф Браун, Алан Форд, Томас Арана, Мето Јовановски и Кирил Псалтиров. Филмот постигнал голем комерцијален успех во Бугарија и на Балканот.Кинотека на Република Северна Македонија, Програма мај 2019.
Синопсис Амбасадата на Бугарија во Лондон подготвува спектакуларен настан по повод приклучувањето на земјата кон Европската Унија. Сопругата на бугарскиот претседател која сака да се истакне себеси, а организацијата на настанот му е доделена на Варадин, новиот бугарски амбасадор во Лондон. Освен организацијата на концертот, Варадин треба да го обезбеди и присуството на англиската кралица, зашто тоа е голема желба на сопругата на бугарскиот претседател. Меѓутоа, персоналот во амбасадата е корумпиран и го дополнува личниот буџет со ситен криминал, а истовремено, Варадин има недоразбирање со агенцијата за односи со јавноста, која треба да обезбеди двојници за кралското семејство. Сето тоа предизвикува кошмар за Варадин и за сопругата на претседателот.Кинотека на Република Северна Македонија, Програма мај 2019.
Наводи
Категорија:Бугарски филмови Категорија:Филмови од 2010 година Категорија:Филмови на Димитар Митовски Категорија:Филмови со Мето Јовановски Категорија:Филмови со Ралф Браун Категорија:Филмови со Кирил Псалтиров Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Лондон Категорија:Филмови засновани на книги Категорија:Филмски комедии