Неготино — град во средишниот дел на Македонија, сместен во средното Повардарие, од двете страни на реката Вардар и зазема значителен простор во Тиквешката Котлина. Од Скопје, Неготино е оддалечено 95 км, а најблизок град е Кавадарци, кој е на растојание од 10 км.
Градот претставува административно седиште на истоимената општина, која опфаќа уште и 12 села.
Климата и почвата се идеални за одгледување на грозје и добивање на вино.
Историја и потекло на името
мини|лево|Неготино во почетокот на XX век мини|лево|Манастирот „Св. Ѓорѓи“ во близина на Неготино
Антички период Името Неготино е словенизирано име на античката населба Антигонеја (Antigonea) која што во 3 век п.н.е. ја создал македонскиот владетел Антигон Гонат (278-242 п.н.е.), откако ја освоил Пеонија. Античкиот град бил стратешко седиште, добро укрепено, со импозантни градби и величествени храмови, пространи и раскошни палати изградени од мермер и делкан камен. Древниот град Антигонија постоел до почетокот на VI век, односно 518 година, кога бил разурнат од силен земјотрес, што го зафатил речиси целото подрачје на денешна Македонија. Тогаш катастрофално настрадале Скупи, Стоби, Хераклеја, Астибо, Идомена.
Османлиски период Денешниот град Неготино е создаден во доцниот среден век како занаетчиска населба.
По доаѓањето на Османлиите на овие простори (1385 година), Али Паша-Јанински повторно ја активирал тврдината, бидејќи во непосредна близина, од десната страна на реката Вардар, се протегал патот Скопје-Солун. На преминот од Демиркаписката Клисура неговата војска им наплатувала царина на трговците кои тука проаѓале.
Во првите години од XIX век Неготино било чифлик, составен од триесетина куќи. Го управувале Ќазим-бег и Кантур-бег. Подоцна до чифликот, според преданијата, некој богат трговец, по име Неготин, изградил ан кој служел за одмор и преноќевање на кираџиите и карваните. Се претпоставува дека оттогаш малата населба почнале да ја нарекуваат Неготино.
Во 1821 година богатиот Турчин Хаџи Таир-ага Синан во градот изградил саат-кула, џамија и безистен со околу 15 дуќани. Така почнувала да се образува и да расте населбата, која поради добрата местоположба привлекувала голем број на трговци и занаетчии од околните места. За брзиот развој на Неготино придонеле и неколкуте Евреи кои се доселиле од Солун во 1865 година.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.53 Како гратче Неготино првпат се споменува дури во 1837 година. Тогаш овде се изградени црквата „Св. Атанас“ и ќелијно училиште, второ во Тиквешијата после ваташкото. Во својот напис целосно посветен за Тиквеш насловен како „Љубљано-Пеонија“, објавен во „Цариградски Весник“ на 12 февруари 1855 година, македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот запишал дека Неготино (Тиквеш) имa една убава црква и едно мало училиште, две мошеи (џамии), една медреса, часовник и други стариниХаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987 г. стр.71. Тука се собирал пазар од Велес, Штип, Прилеп, Дојран и Струмица секој четврток, а тука седелe и управни чиновници како ајан, кадија и муфтија. Во 1879 година Неготино станало управно седиште на османлиската власт во Тиквешко. По една година градот веќе имал 1.800 жители, претежно Македонци. На почетокот на 20 век градот имал 700 куќи и чаршија со близу 300 дуќани. Во 1893 година неготинското училиште станало двокласно. Трговијата и занаетчиството се развиваат со позабрзано темпо. Значително пораснало и населението во градот. Се тргувало со грозје, вино, брашно, волна и свила. Трговската стока била пренесувана со сплавови за Солун, преку Вардар кој бил пловен од Велес до устието на Егејското Море. Економскиот подем на гратчето кулминира пред Балканските војни, кога населбата броела дури 700 куќи. Во градската чаршија и воопшто во целиот град, имало околу 300 занаетчиски и трговски дуќани. За време на Балканските војни, дел од градот заедно со чаршијата бил опожарен.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.54
Најнов период Како ден на Општината се празнува 8 ноември, Ден на ослободувањето на Неготино од фашистичките окупатори во 1944 година. Неготино својот најголем подем го постигнува во втората половина на 20 век кога прераснало во современа градска населба со развиена инфраструктура.
Бисти во Неготино
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Неготино живееле 2.395 жители, од кои 1.925 Македонци православни, 320 Македонци муслимани, 90 Власи и 60 Роми.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.154.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, градот имал 2.500 Македонци.
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 13.284 жители и спаѓал во групата на средни градови. Етнички гледано, населението е составено од:
Според претпослениот Попис на населението на Македонија од 2002 година, градот имал 13.284 жители. Следува табела на националната структура на населението:Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Националност Вкупно Македонци 12 994 Турци 46 Роми 74 Албанци 1 Власи 11 Срби 117 Бошњаци 1 Други 40
Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици:
Јазик ВкупноУдел (%) македонски 13.111 98,70 турски 13 0,10 ромски 37 0,28 влашки 10 0,08 српски 81 0,61други 32 0,24
Вероисповед
Во Неготино се застапени следните религиски групи:
Вероисповед ВкупноУдел (%) Православни 12.900 97,11 Муслимани 158 1,19 Католици 15 0,11 Протестанти 1 0,01 други 210 1,58
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Неготино:
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Вкупно 1948 — — — — — — — — — 2.683 1953 2.744 0 28 4 15 7 — 22 — 2.820 1961 3.920 1 15 — — 43 — 108 — 4.087 1971 6.867 0 44 0 — 128 — 100 — 7.139 1981 9.913 3 68 2 1 174 — 136 — 10.297 1991 11.940 1 30 50 15 147 — 196 — 12.379 1994 12.226 0 42 36 16 137 — 59 — 12.516 2002 12.994 1 46 74 11 117 1 40 — 13.284 2021 11.476 6 77 75 14 74 0 85 681 12.488
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Стопанство
мини|десно|Поглед на ТЕЦ „Неготино“ во близина на градот
Земјоделското производство претставува главна стопанска дејност во општина Неготино. Општина Неготино има годишно производство од 20 – 25 милиони килограми грозје. Од индустриските култури застапени се тутунот, афионот, градинарските култури и житариците. Во Неготино е сместена и втората по големина винарска визба во Македонија, „Повардарие“. Во поново време се забележува отворањето на приватни винарии и винарски визби како „Бовин“, „Фонко“, „Дудин“ и други кои извезуваат вина и на странските пазари. Во непосредна близина на градот се наоѓа термoцентралата ТЕЦ „Неготино“.
Редовни настани и манифестации
Позначајни манифестации кои се одржуваат во Општина Неготино се Фестивалот на виното (14 февруари) кој се одржува по повод верскиот празник Св. Трифун (заштитник на лозарите), Манастирска вечер и Неготинскиот панаѓур (20-23 септември) кој се одржува по повод верскиот празник Мала Богородица.
Личности
Тодор Камчев (1880 - 10 мај 1961, Софија) - тиквешки војвода, учесник во македонско-одринско ослободителните борби од 1903 до 1908 година. Александар Станоев (1881 - 1907, Виена) - македонски револуционер од Илинденскиот период и член на ЦК на ВМРО Пане Иванов - македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација Васа Апостолска — учесник во НОВ на Македонија Драга Астарџиева — учесник во НОВ на Македонија Веска Балканска — учесник во НОВ на Македонија Родна Габрова Георгиева — учесник во НОВ на Македонија Ефрем Кулаков — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија Тодор Гечев - македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија Пано Калајџиев - македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија Александар Аџи Илов - македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија Мара Илова Виларова - учесник во НОВ на Македонија Зора Јорданова Гркова — учесник во НОВ на Македонија Горица Давчева — учесник во НОВ на Македонија Мица Ставрева Димитрушева — учесник во НОВ на Македонија Рахила Илиева — учесник во НОВ на Македонија Менка Јанакиева Пинџур — учесник во НОВ на Македонија Николина Јанакиевска — учесник во НОВ на Македонија Василка Јордановска (1923 — ) — учесник во НОВ на Македонија Вера Бошкова Георгиева Јосифовска (1926 — ) — учесник во НОВ на Македонија Зора Јоцева — учесник во НОВ на Македонија Васка Василева Калајџиска (10 април 1919 — 1971) — учесник во НОВ на Македонија Марија Карадакова (р.1888-) — учесник во НОВ на Македонија Вера Кирјакова (р.1928-) — учесник во НОВ на Македонија Дана Костадинова (р.1924) — учесник во НОВ на Македонија Владанка Данаилова Коцева (р.1927) — учесник во НОВ на Македонија. Митра Крстева (1886 — 1944) — учесник во НОД, активистка и хуманистка. Владо Арсов - Шпанац (1910 - 1937) - борец во Шпанската граѓанска војна Боро Чаушев (6 ноември 1917 - 22 февруари 2001) - македонски партизан, комунист и генерал-мајор на милицијата на НР Македонија. Лазар Мојсов (19 декември 1920 - 25 август 2011, Белград) - познат политичар и дипломат Лазар Манчевски - Пинџур (21 ноември 1922 - 7 февруари 1997) - македонски поет и раскажувач Душан Горенчевски (28 април 1933 - 13 март 1997, Белград) - македонски драмски автор и македонист Ѓорѓи Спасов(11 август 1949) — македонски политичар, дипломат и универзитетски професор Бранко Ѓорчев (23 јуни 1962 – Скопје, 24 февруари 2013) — македонски театарски и филмски глумец Кристина Арнаудова ( 21 септември 1979) - пејачка на забавна музика Александра Пилева (10 јуни 1980) - пејачка на забавна музика Александар Белов (7 февруари 1987) - пејач на забавна музика Ѓоко Ѓорчев - пејач на забавна музика Мишко Крстевски - пејач на народна музика Ацо Ѓорчев - македонски глумец Миле Крстев - екс фудбалски репрезентативец Сашко Крстев - екс фудбалски репрезентативец Трајче Недев - македонски репрезентативец во шах Александар Христов - академик Ристо Давчевски - писател Раде Стојановиќ - ракометен репрезентативец Доне Мојсов политичар и дипломат Киро Андонов писател Наташа Андонова фудбалски репрезентативец Ангел Димов - пејач од Србија;
Тони Делков-градоначалник и политичар. Димитар Ѓорѓиев - светски и европски првак во кик-бокс
Иселеништво Во 1912 и 1913 година околу 80 муслимански семејства се иселиле во Турција.
Збратимени градови Минервино ди Лече, Италија Наѓката, Унгарија
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница на Општина Неготино Центар за дигитизација на националното наследство, Неготинo Огласи Неготино
Категорија:Градови во Македонија Категорија:Општина Неготино