Обичен граор () или обична глушинаГлушина обична (граор) - Vicia sativa — Агробаза, УГД Штип — мешункасто растение од семејството бобовите (Fabaceae) кое се одгледува како крма за добиток и зелено ѓубриво, но важи за коров во однос на други посеви. Ова растение е различно од слично наречената граорка (Lathyrus), која му припаѓа на истото семејство, но сосема друг род.
Опис Ова е едногодишно азотоврзувачко тревесто растение. Има добро развиен главен корен и странични корења, кој достигнува 80 до 100 см во длабочина. Има ситни тркалезни или крушковидни јазли поради присуствона симбиотските груткови бактерии (Rhizobium). Котиледоните не излегуваат над почвата. Стеблото е шупливо, и има четириаголен пресек. Почнува да се разгранува веднаш над кореновиот врат, образувајќи 2 до 4 странични стебленца. Стеблото се сука нагоре и е подебело во горниот дел отколку во долниот. Листот е парноперест со 4 до 8 пара јајцевидни лиски и 1 до 2 пара витици (ластари). Секоја наредна лиска е помала, и целиот збир завршува со мало зашилување кој е продолжеток на жилката.
Граорот има виолетови цветови долги по 1,5 до 2,5 см во две нијанси, а знаменцето е нешто посветло, со потемни крилца. Цветовите се распоредени поединечно, а листот во своите пазуви има најчесто по два цвета, доколку е исправен. Плодот е извиткана мешунка со сабјест облик, долга 6-8 см и содржи 7-9 семки. Кога ќе узрее, добива светлокафеава боја. Семето е покрупно од оние на сродните растенија и има темна боја. Семена обвивка е мазна и има лузна во облик на бела цртичка.
Одгледување Кога се одгледува за крма, граорот се сее на густо, до 250 кг на хектар. Меѓутоа, кога се одледува за семе, истото се сади на поретко, за да се развијат повеќе цветови и семки. Во овој случај, седибата се врши рано во сезоната, но кога се одгледува за зелено ѓубриво, растението се сади во било кое време од пролетта. Понекогаш се добива полн принос од летна сеидба, но тоа начелно се смета за предоцна и не препорачува.
Откако ќе се посее, земјиштето треба внимателно да се изгрибла, а потоа да се помине со лесен валец, кој ја израмнува површината и овозможува непречена жнеидба. Во првите неколку дена од сеењето, полето треба да се чува од гулаби.
Обичниот граор им годи на коњите повеќе од детелината и пијанката (’ржната трева); истото важи и при гоењето на говеда, кои јадат (и се гојат) побргу од граорот отколку од треви и други јадливи растенија. Сепак, земјоделецот треба да внимава, бидејќи прекумерното хранење со граорови зрна (особено кога се без мешунки) предизвикува грчеви и други стомачни заболувања.
Заедно со граорот можат да се засеат и други житарки, кои имаат посилни стебла и му даваат прикрепа кога ќе се нафати на нив со витиците. Сам по себе, граорот се разгранува по земја поради мекоста на стебленцата, но кога е наседен заедно со овес или некоја друга житна трева, истиот расте исправено.
Постојат неколку сорти обичен граор, Како и кај други бобови култури, на граоровото семе може да му се додаде бактеријата ризобиум, која има симбиотска и заштитна улога.
Штетници Штетници врз граорот се габата на грашковата пепелница (Erysiphe pisi), зелената грашкова лисна вошка (Acyrthosiphon pisum), памуковата совица (Heliothis zea), есенската совица (Spodoptera frugiperda, во Америка) и пајакови крлежи (Tetranychus).
Производство во Македонија мини|десно|Граор во поле. Граорот е втора по важност фуражна култура во Македонија. Главно производствено подрачје е Кумановско, а доста е застапен и во Овчеполието и во Скопско. +Вкупно производство на граор во Македонија низ годинитеПовршини и производство на посеви по општини, според НТЕС 2005 — Државен завод за статистикаПовршини и производство на посеви, по години, по општини, според НТЕС 2013 — Државен завод за статистика Година Принос(тони) Родност(кг/ха)2005 8.680 3.3112006 10.822 4.5112007 9.461 3.9132008 9.656 3.9312009 10.327 4.0392010 7.792 3.1842011 7.178 3.0692012 5.815 2.6822013 6.759 3.1112014 7.488 3.4022015 7.010 3.4472016 7.052 3.6692017 6.633 3.0432018 7.856 3.804
Историја Обичниот граор бил составен дел од човековата исхрана во дамнешните првобитни општества, за што сведочат остатоците во ранонеолитски наоди од Сирија, Турција, Бугарија, Унгарија и Словачка. Траги од употреба на граорот се сретнати и во стероегипетски наоѓалишта од преддинастички период , како и неколку во Туркменистан и Словачка од бронзеното време. Најраните недвосмисленим докази за одгледувањето на граорот се од римско време.
Подвидови мини|десно|Незрели мешунки од подвидот црн граор (Vicia sativa subsp. nigra). Постојат барем четири подвидови на обичниот граор:
Vicia sativa subsp. cordata (Hoppe) Asch. & Graebn. Vicia sativa subsp. nigra (L.) Ehrh. — теснолисен граор (= subsp. / var. angustifolia, subsp. consobrina, subsp. cordata (Hoppe) Batt., subsp. cuneata, subsp. heterophylla, var. minor, var. nigra) Vicia sativa subsp. sativa (= var. linearis, ssp. notata) Vicia sativa subsp. segetalis (Thuill.) Arcang. (напати се вклучува во subsp. nigra)
Поврзано Фуражни култури Глушини Граорка
Наводи
Надворешни врски
Обичен граор — профил на USDA Галерија на слики
Категорија:Фуражни култури Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година