мини|десно|Поглед на Свети Ахил преку понтонскиот мост мини|десно|Остатоци од базиликата „Свети Ахил“ на Цар Самоил

Свети Ахил — остров во Малото Преспанско Езеро со должина од околу 1.700 метри. Највисоко место е врвот Кале (1.025 м).

Островот бил населен уште од антиката. Во југозападниот дел се пронајдени остатоци од античката македонска населба Лика. Во средниот век тука бил замокот — управно седиште на Самоиловата држава, градот Преспа, како и дворците на царот Самоил.

Денес единствено населено место на островот е истоименото село Ахил. Претставува мала населба од неколку куќи. Во почетокот на XX век имало 4 куќи, најголемата од нив припаѓала на родот Марковци, којшто претставувал задруга од 70 членови. Друго стара семејство се Петковци, чијшто наследници и денес живеат таму. Во 1907 година селото веќе броело 7 куќи. Месното население верува дека бројот на куќите не смее да надмине 11, така што ако биде изградена 12 таа се руши. Тоа е зошто некогаш имало 12 цркви, и поради тоа местото се смета за свето и не треба да го продолжува човечкиот грев. Црквите што постоеле (или сè уште постојат) се следниве:

Свети Никола Свети Ѓорѓи Свети Атанас во местото Фојка Спасова црква во местото Спас Свети Димитриј Дванаесет Апостоли Пресвета Богородица Свети Ахил Света Марина

Поврзано Видринец — друг остров во Малото Преспанско Езеро Мало Преспанско Езеро

Надворешни врски

Категорија:Острови во Егејска Македонија Категорија:Преспанско Езеро Категорија:Преспа (општина) Категорија:Ахил (село)