Остров Јунион (англиски: Union Island) е остров во Свети Винцент и Гренадини. Островот е дел од архипелагот Гренадини. Јунион има вкупна површина од 9 км2. Островот се наоѓа на 200 километри југозападно од независната држава Барбадос, а сосема блиску е до островите Каријаку и независната држава Гренада. Union Island (St Vincent)

Главни населени места на островот се Клифтон и Ештон. Јунион има население од околу 3000 жители. Како и во остатокот од земјата, така и на Јунион службен јазик е англискиот.

На Јунион има и меѓународен аеродром, кој има домашни и меѓународни (претежно во околните држави) летови. Во непосредна близина на Јунион има две мали островчиња: Фригата и Хепи.

Географија Островот има вкупна површина од 9 км2. Јунион е долг 4.8 километри, а широк 1.6 километри. Највисока точка на островот е Табои со 304 метри надморска висина.

Јунион има полусува клима. Брдата на островот не се доволно високи за да се создадат чести врнежи.

Историја Островот бил првично населен од Араваците и Карибите. Потоа, со европската колонизација, на островот дошле Французи и Англичани, претежно трговци со робови и сопственици на плантажи. Со нив тие донеле стотици Африканци, од регионот на Нигерија, Камерун, Ангола и Гана.

Кога било укинато ропството, луѓето продолжиле со земјоделството и риболовот.

Во 1970-тите имало мал револт на островот со што народот сакал островот да се отцепи од Свети Винцент и Гренадини и да се припои со Гренада. Овој револт брзо бил задушен.

Култура За време на Велигден на островот има фестивали, поточно во Ештон и Клифтон. Цела седмица има организирано настани и перидот е познат како „Истервал“.

Во мај, на крајот на сушната сезона, се одржува настанот „Марун“. Овој настан е целодневен. Фестивалот е препознатлив по тапаните, пеењето и танцувањето. Овој фестивал се одржува поради исчекувањето на влажната сезона.

Галерија

Наводи

Поврзано Гренадини Свети Винцент и Гренадини

Надворешни врски Radio Grenadines Туристички водич за Јунион Tobago Cays Marine Park Friends of Union Island

Категорија:Острови во Свети Винцент и Гренадини Категорија:Гренадини