RW Лебед — полуправилна променлива ѕвезда во соѕвездието Лебед, на околу степен од ѕвездата γ Лебед со светлосна величина 2. Нејзината привидна светлосна величина се движи меѓу 8,05 и 9,70 и спектралниот тип меѓу M2 и M4.
Растојание
Хипаркосовата паралакса за RW Лебед е 0,91 mas но со можност за голема грешка. За RW Лебед се претпоставува дека е член на здружението на ѕвезди Лебед OB9 и со тоа е на растојание од 3.600 светлосни години од Сончевиот Систем.
Својства RW Лебед е црвен суперџин со болометриска сјајност од околу . Нејзиниот спектрален тип е даден во Општиот каталог на променливи ѕвезди како M2-4Ia-Iab, и во еден од поновите каталози МК спектрална класификација е како M3-M4Ia-Iab. Делотворната температура е директнно пресметана и изнесува 3.600 K, што пак значи дека полупречникот на ѕвездата е . Друга пресметка па дава повисока вредност на температурата од 3.920 K а со тоа и помал полупречник од . Користејќи друг начин на опис, доколку се смести во центарот на Сончевиот Систем, ќе се протега зад орбитата на Марс во Астероидниот појас.
Првичната маса на RW Лебед од нејзината положба релативно на теорискиот ѕвезден развој и изнесува околу . Набљудувањата на атмосферата наведуваат дека губи маса годишно со чекор од .
RW Лебед се класифицира како полуправилна променлива ѕвезда. Се води како поттип SRc, што пак наведува дека станува збор за ладен суперџин. Сјајноста на ѕвездата се менува во крајности од светлосна величина +8.0 до +9.5 во период од 580 ± 80 days. Не е забележан секундарен долг период.
Поврзано BC Лебед BI Лебед NML Лебед KY Лебед Список на најголеми ѕвезди
Наводи
Категорија:Суперџинови од типот M 101023 Категорија:Полуправилни променливи ѕвезди Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Тела од Бонскиот преглед Лебед, RW Категорија:IRAS-објекти Категорија:2MASS-објекти