Кеплер-22 — ѕвезда во северното соѕвездие Лебед, која во орбита има планета во животопогодниот појас. Нејзината местоположба ги има следниве небесни координати: ректасцензија и деклинација . Со привидна величина од 11,7, со што е премногу темна за да се забележи со голо око. Може да се набљудува со телескоп кој има отвор од најмалку . Проценетото растојание до Кеплер-22 е .

Кеплер-22 е малку поладна и помала ѕвезда од Сонцето, со ниско присуство на елементи со поголема маса од хелиумот. Ѕвездата е од спектрален тип G5V, додека пак сјајноста останува неопрределена. Оваа ѕвезда зрачи 79% of од Сончевата сјајност од нејзината надворешна атмосфера при делотворна температура од 5.518 K, со што има жолтеникаво обоен блесок на ѕвезда жолто џуџе. Со предвидена вртежна брзина од 0,6 км/с се добива впечаток на ѕвезда со спор период на вртење.

Планетарен систем На 5 декември 2011 година, научниците од Кеплеровата мисија објавија дека е можно Кеплер-22b да биде можна земјовидна планета во орбита во животопогодниот појас. Ова беше значително, бидејќи ова е првата вонсончева планета со големина слична на Земјата (двојно поголема) за која е потврдено дека е во животопогодниот појас.

Наводи

Категорија:Жолти џуџиња 22 Категорија:Променливи ѕвезди поради планетарни премини Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:2MASS-објекти Категорија:Планетарни системи со една потврдена планета Категорија:TIC-објекти