Кеплер-42 или KOI-961 — црвено џуџе во соѕвездието Лебед и приближно на растојание од 131 светлосна година од Сонцето. Ѕвездата има три познати вонсончеви планети, и сите се со помал полупречник од оној на Земјата, а веројатно истото важи и за нивната маса.

Особености

Масата на Кеплер-42 е проценета на 0,13 пати од масата на Сонцето, и има полупречник 0,17 пати од оној на Сонцето, односно, само 1,7 пати поголем од оној на гасовитиот џин Јупитер. Поради својот мал полупречник а со тоа и површина, сјајноста на Кеплер-42 е само 0,24% од онаа на Сонцето. Нејзината металичност е една третина од онаа на Сонцето. Кеплер-42 има значително сопствено движење од 431±8 mas/yr. Поради својата мала големина и ниска температура, животопогодниот појас на ѕвездата е многу поблиску до ѕвездата отколку како што е случајот со Земјата и Сонцето.

Планетарен систем

На 10 јануари 2012 година, користејќи ги податоците добиени од вселенското летало Кеплер се забележани три планети во премин во орбита околу Кеплер-42. Полупречниците на овие планети се движат приближно од големини слични со Марс и Венера. Планетарниот систем Кеплер-42 е вториот познат систем кој содржи планети со полупречници слични или помали со оној на Земјата (првиот беше системот Кеплер-20 прикажан лево). Орбитите на планетите се исто така збиени, што прави системот (чија матична ѕвезда има полупречник споредлив со оној на некои од жешките Јупитери) да наликува на месечевиот систем на џиновските планети како што се Јупитер или Сатурн отколку што наликува на Сончевиот Систем. И покрај малата големина на планетите и фактот што ѕвездата е една од најтемните ѕвезди во полето на набљудување на Кеплер со потврдени планети, откривањето на овие планети било овозможено од малата големина на ѕвездата, што овозможило планетите да блокираат поголем дел од ѕвездената светлина за време на преминот.

Не се познати сите орбитални параметри за системот. На пример, како и што е случајот со сите планети во преми на кои не им се пресметани параметрите со употреба на други методи, како што е на пример методот на радијална брзина, останува непознато орбиталното занесување.

Засновано на орбитите на планетите, сјаноста и делотворната температура на матичмната ѕвезда, може да се пресметаат рамнотежните температури на планетите. Претпоставувајќи крајно високо албедо од 0.9 and и отсуство на Ефект на стаклена градина, надворешната планета Кеплер-42 d ќе има рамнотежна температура од околу , слична со онаа на Земјата од . Проценките за познатите планети се претствени подолу во табелата:

Споредбенатемпература Кеплер-42c Кеплер-42bКеплер-42d ЗемјаПланетарнарамнотежнатемпература 728 K 455 °C 851 °F 524 K 251 °C 483.8 °F 454 K 181 °C 357.8 °F 255 K −18 °C −0.4 °F Наводи:Температурни вредности за сите планети при претпоставка на албедо од 0,3, односно албедото на Земјата.

Белешки

Наводи

Категорија:Црвени џуџиња Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Планетарни системи со три потврдени планети Категорија:Променливи ѕвезди поради планетарни премини Категорија:Занимливи Кеплерови тела Категорија:2MASS-објекти Категорија:Црвени џуџиња од главната низа Категорија:TIC-објекти