„Кореспонденции Хемија“ (англиски: Communications Chemistry) е научно списание на Нејчер Рисерч (англиски: Nature Research). Ова списание издава трудови со висококвалитетени истражувања, коментари и прегледи во сите области на хемијата и сродните науки. Првиот број на списанието излегол во март 2018 година. За каталогизација на ова списание се користи скратеницата Commun. Chem.

„Кореспонденции Хемија“ е посветено на отворена наука, достапна за сите. Ова значи дека списанието не наплаќа претплата и сите објавени трудови се јавно достапни преку нивното мрежно место.

Прв и единствен главен уредник на ова списание е Д-р Лук Бачелор.

Библиографија

Категорија:Научни списанија