HAT-P-11,GSC 03561-02092 — ѕвезда портокалово џуџе со висока металичност на растојание од околу 123 светлосни години во соѕвездието Лебед. Оваа ѕвезда се одликува со релативно големо сопствено движење. Со привидна величина од 9, што значи дека не е видлива за човековото око но може да се забележи со телескоп при ведри ноќи. Староста на оваа ѕвезда е проценета на 6,5 милијарди години.

Ѕбездата има голема површинска активност која пак создава ѕвездени дамки на површината.

Планетарен систем

Во орбита на ѕвездата од страна на проектот HATNet е забележана вонсончева планета, со употреба на методот на премин, за која се верува дека е малку поголема од планетата Нептун.

Оаа планета е во орбита која не е во рамнината на вртежната оска на ѕвездата. Системот е сплосната при 100°. Овој планетарен систем бил во полето на набљудување на вселенското летало Кеплер.

Промените во мерењата на радијалната брзина направени за да се потврди планетата даваат потврда за постоење на уште едно тело во системот. Ова беше потврдено во 2018 година кога беше забележана втората планета во орбита со орбитален период од приближно 9 години.

Поврзано Проект HATNet Кеплер (мисија)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Портокалови џуџиња Категорија:Променливи ѕвезди поради планетарни премини Категорија:Планетарни системи 3 Категорија:HIP-објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Планетарни ситеми со две потврдени планети