лево|мини| WR 136 во NGC 6888 WR 136 — Волф-Рајеова ѕвезда која се наоѓа во соѕвездието Лебед. Таа е во центарот на маглината Полумесечина . Нејзината старост е проценета на околу 4,7 милиони години и се приближува кон крајот на својот живот. За неколку стотици илјади години, се очекува да експлодира како супернова .
Според неодамнешните проценки, WR 136 е 600.000 пати посветла од Сонцето, 21 пат помасивна, и 5,1 пати поголема од Сонцето. Неговата површинска температура е околу 70.000 келвини .
WR 136 ифрлила обвивка од материјал кога станала црвен суперџин пред околу 120.000-240.000 години со маса од околу и обвивката сè уште се шири со брзина од 80 km/s. Во моментов, нејзинот брз ѕвезден ветер, е исфрлен од ѕвездата со брзина од околу 1.700 км/s , го претекнува материјалот исфрлен од ѕвездата и го обликува во обвивка. Ултравиолетовите зраци кои се испуштаат од топлата површина на WR 136 предизвикуваат обвивката да сјае.
Постојат некои докази дека WR 136 можно е да е двојна ѕвезда . Нејзиниот придружник ќе биде ѕвезда со мала маса и спектарна класификација К или М која ќе има орбитален период околу Волф-Рајеовата ѕвезда на секои 5,13 денови, што значи дека е создавач на рендгенски двоен систем со мала маса .
Наводи
Дополнителна литература
Надворешни врски http://chandra.harvard.edu/photo/2003/ngc6888/ http://www.giga-parsec.de/WRspectra.html http://www.castfvg.it/stelle/spettri/O/wr_136_01.htm
Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:HIP-објекти Категорија:HD-објекти Категорија:Променливи ѕвезди со ознаки Категорија:Волф-Рајеови ѕвезди Категорија:Лебед (соѕвездие)