мини|лево|250x150кс| Кемпбеловата ѕвезда и планетарната маглина меѓусебно поврзани снимени од вселенскиот телескоп Хабл..
Кемпбелова ѕвезда ( HD 184738 / HIP 96295 / BD +30 3639) Campbell's star - Planetary Nebula (SIMBAD) — централна ѕвезда на планетарната маглина PK 064 + 05 1. Се наоѓа во соѕвездието на Лебед 2,5º северно од Албирео (β Лебед) и 1º источно од φ Лебед. На растојание од 1.200 парсеци односно 3.900 светлосни години од Сончевиот Систем.
Со привидната величина од 10,41, Кембеловата ѕвезда е Волф-Рајеова ѕвезда од јаглероден спектрален тип [WC9]. Неверојатно жешка со делотворна температура од 55.000 K и е 6000 пати посјајна од Сонцето. Станува збор за ѕвезда која има недостаток на водород и е во напредна развојна фаза. Иако нејзината моментална маса е 60% од онаа на Сонцето, се смета дека првично ѕвездата имала ~ 2 сончеви маси, сега е во фаза на асимптотската гранка на џинови (АГЏ), со што на крајот ќе се претвори во бело џуџе. Нејзиниот хемиски состав е многу различен од оној на Сонцето, има недостаток на железо (Fe/O ~ 0,3), но се забележува зголемено присуство на јаглерод и неон (C/O ~ 30).
Планетарната маглина поврзана со Кемпбеловата ѕвезда има приближна старост од 700 до 800 години. За разлика од прашината поврзана со другите развиени WC ѕвезди, е составена претежно од аморфен јаглен, оваа планетарна маглина има присуство на кристална силикатна прашина, што укажува на неодамнешна промена од хемиски преовладувачкиот кислород на преовладувачкиот јаглерод. Предложено е можност за постоење на ѕвезда придружник која можно е да е мешавина од прашината на планетарната маглина и водород од централната ѕвезда.
Наводи
Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Планетарни маглини Категорија:Променливи ѕвезди Категорија:Волф-Рајеови ѕвезди