Самбра (, Самбр) — река во северна Франција и Валонија, Белгија. Таа е лева притока на поголемат арека Меза, во која се влева во градот Намир.
Реката извира кај Ле Нувион во Тјераш во департманот Ена, Франција. Минува низ француско-белгиското јагленарско подрачје, кое некогаш било од голема индустриска важност. Пловноста почнува од Ландреси во раскрсницата со каналот кон Оаза, кој го поврзува со централната речна сообраќајна мрежа на Франција (барем пред структурните пореметувања во 2006 г.). Тече во должина од 54 км и минува низ 9 преводници со димензии од 38,5 × 5,2 м сè до белгиската граница кај Жемон. Почнувајќи од границата, Самбра е канализирана во два посебни потега долж 88 км, и има 17 преводници. Потегот Горна Самбра е долг 39 км и има 10 преводници со иста големина како француските, и оди до индуструскиот град Шарлероа. Остатокот од течението во Белгија е надограден на европска класа IV (товарни пловила до 1.350 тони) непосредно по Втората светска војна. Лежи во западниот крај на Индустриската бразда (Sillon industriel), која и денес претставува срцевината на индустријата во Валонија, и покрај целосното замирање на јагленарството и челичарството. Го достигнува градот Намир и се влева во Меза, која пак самата завршува во Северното Море.
Пловните делови во Франција се под надлежност на управата Водни патишта на Франција, а со оние во Белгија раководи Јавната служба на Валонија во рамките на Генералната оперативна дирекција за внатрешни водни патишта
Течение Самбра тече низ следниве градови и гратчиња во Франција и Белгија, наведени според матичните департмани и покраини:
Ена: Барзи во Тјераш Север: Ландреси, Олноа-Емери, Отмон, Мобеж Ено: Тиен, Монтињи ле Тијел, Шарлероа Намир: Флореф, Намир
Поважни притоки Реката Самбра ги има следниве поважни притоки:
Занимливости Во реката се самоубила мајка му на познатиот надералистички сликар Рене Магрит, фрлајќи се во нејзините води. Во Првата светска војна крај реката се одвивале низа тешки борби. Од нив се издвојуваат Битката кај Шарлероа (1914) и Битката на Самбра, во последните месеци од војната (1918).
Наводи
Надворешни врски
За сливот на Самбра — база „Сандр“ Реката Самбра и каналот на Самбра до Оаза со карти и поединости за местата, сидриштата и други услужни места за пловила — портал „Француски водни патишта“ Поединости за пловидба по 80 реки и канали во Франција — портал „Француски водни патишта“
Категорија:Реки во Белгија Категорија:Реки во Франција Категорија:Слив на Меза Категорија:Географија на Валонија Категорија:Реки во Горна Франција Категорија:Ена Категорија:Намир (покраина) Категорија:Север (департман) Категорија:Намир Категорија:Меѓународни реки во Европа