Зошто Бајо замина во ајдуци (српски: Зашто Бајо оде у хајдуке) е српска епска (ајдутска) песна.

Содржина Бајо Пивљанин му праќа писмо на Ришнанин Хаџија во кое го потсетува како станал ајдук: Во минатото, тој бил трговец кој дотерал волови за да ги продаде, а Ришнанин Хаџија му го зел најубавиот вол, со што му ја намалил цената и Бајо претрпел голема штета; тогаш, тој се вратил дома и станал ајдутски арамбаша, дејствувајќи заедно со Лимо. Во писмото, Бајо му порачува на аџијата да му искова 30 сребрени токи за неговите ајдуци, а за него и за Лимо - златни токи. Тогаш, Ришнанин Хаџија му одговара дека нема да ја изврши порачката, туку ќе му излезе на двобој и предлага двајцата да ги донесат своите жени при што победникот ќе ја земе жената на поразениот...Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 108-109.

Осврт кон песната Оваа песна е посветена на познатиот ајдук од XVII век, Бајо Пивљанин за кого е испеана втората најбројна група ајдучки песни во српското народно творештво.„Песме о хајдуцима“, во: Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 145. Исто така, во песната се споменуваат и ајдукот Лимо (Лимун) кој бил дел од дружината на Бајо, како и Ришнанин Хаџија, кој бил историска личност од XVII век, познат под името Ризванагиќ, а кој бил познат како голем јунак.Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 151-152.

Наводи

Категорија: Песни за Бајо Пивљанин Категорија: Песни за ајдукот Лимо