Ѓон () – долен дел од чевелот обично изработен од кожа, гума и сл. мини|250п|Гумени ѓонови кај женски патики Служи да го заштити стапалото од студ, топлина, нерамни површини, остри предмети и влијание на подлогата. Постојата различни видови ѓонови : кожен ѓон – потемнува во контакт со сонце. Се користи за танцови обувки. Се аби при честа употреба и бара поправки и често се врши пенчетирање со гумени додатоци. гумен ѓон – флексибилен, водоотпорен и лесен за одржување. синтетички ѓон – свитлив, лесен за одржување, но лизгав. дрвен ѓон (налани и кломпи)

Постојат повеќе начини горниот дел на обувката да се поврзе со ѓонот: со лепење, шиење (кај свитлива најчесто куќни обувки) и со пресување (кај спортски обувки).

Удобните обувки за носење најчесто имаат свитлив ѓон кој најдобро ги амортизира ударите на стапалото на подлогата и најдобро ги следи движењата на стапалото. Од друга страна, ако ѓонот е многу мек, тој дозволува претерани бочни движења кои со време може да предизвикаат кривење на стапалото кон внатре или нанадвор. Ѓоновите покажуваат како е одот. После неколку месеци носење одредени делови на ѓоновите се тенчат. Тие делови ги откриваат точките на газење и неправилностите во распоредот на тежината при одењето.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Обувки Категорија:Турцизми