Бад Бевензен () — град во северниот дел на округот Илцен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Реката Илменау, притока на Елба, тече низ Бад Бавензен. Исто така, градот е прогласен за бања.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Бевензен-Ебшторф.
Географија Местоположба
Бад Бевензен се наоѓа во источниот дел на Линебуршкото Поле на бреговите на реката Илменау. Источно од градот поминува Страничниот канал на Елба.
Градски единици
Кон градот припаѓаат и следниве села:
Дерфер Голерн Грос Хезебек Јашторф Клајн Биншторф Клајн Хезебек Мединген Ребел Зазендорф Зедорф
Историја
Во местото Јашторф, околу 3 километри јужно од јадрото на градот, постоеле гробишта од железно време кои го дале името на истоимената култура.
При подготовката за самитот Г20 во 2017 година, левичарски екстремисти подметнале пожар во градот.Brandanschläge auf Bahn in Bad Bevensen und Bremen Die Welt, 19.06.2017
Меѓународни односи
Збратимени градови
Бад Бевензен е збратимен со следниве градови:
Хојнице,
Познати луѓе
Вилхелм Валман (р. 1941) — политичар Илзе Фалк (р. 1943) — политичар Дирк Фишер (р. 1943) — политичар Улрих Зин (р. 1945) — професор Јоахим Ајгенхер (р. 1947) — спортист
Галерија
Поврзано Институт „Густав Штреземан“
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Илцен (округ) Категорија:Бањски градови во Германија