59 Лебед — повеќекратен ѕвезден систем во северното соѕвездиеЛебед, на растојание од околу 1.300 светлосни години од Земјата. Може да се забележи со човековото око како синобела ѕвезда со привидна величина од 4,74.
Примарната составница а воедно и најсјајниот член на овој систем, со ознака 59 Лебед Aa, е брзовртежна Be-ѕвезда од спектрален тип B1.5 Vnne. Станува зор за добро изучувана ѕвезда благодарение на изразените сектрални промени кои се набљудувани уште во далечната 1916 година, и две краткофазни слоести ѕвезди забележани во 1973 и 1974–5 година. Всушност станува збор за потврдена спектроскопска двојна ѕвездасо високотемпературен придружник подџуџе од спектрален тип O со орбитален период од 28 дена. Џуџето ја загрева блиската страна на кружниот гасовит диск во орбита околу примарната ѕвезда.
Во орбита околу примарниот пар е 59 Лебед Ab, со привидна величина од 7,64 и спектрален тип A3V, сместена на аголно растојание од . И четврта компонетна со привидна величина 9,8 џиновска ѕвезда со спектрална класификација A8III на растојание од долж положбен агол од 352°, од 2008 година. Петтиот придружник е со привидна величина 11,7 на растојание од и положбен агол од 141°. Податоците добиени од Гаја укажуваат дека придружниците на и имаат соодветни вредности и и се движат во приближно истата насока како и примарната тројка.
Наводи
Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот B Категорија:Be-ѕвезди Категорија:Променливи ѕвезди од типот на Гама Касиопеја Категорија:Повеќеѕвездени системи Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Тела од Бонскиот преглед Лебед, 59 200120 0103632 8047 Лебед, V832