Трипо Кокоља, ( во Пераст - на Корчула) — венецијански сликар.

Сликарство учел, најверојатно, во Венеција. Најзначајно негово дело во сликарството е украсувањето на внатрешноста на црквата „Богородица (Госпа) од Шкрпјела“ на островчето пред Пераст.

Сликите на Кокоља се изразито барокни, полни со темперамент и динамика, но квалитативно невоедначени, носејќи честопати изразит провинциски печат. Доминантно кај нив е влијанието на венецијанското сликарство од 17 век. Кокоља прв го внел пејзажот и мртвата природа како самостојна тема во барокното сликарство на Далмација.

Категорија:Луѓе од Пераст Категорија:Починати во Корчула Категорија:Црногорски сликари Категорија:Венецијански сликари Категорија:Барокни сликари