Вали ( - „Долина“) — гратче на островот Анвгила, негово управно седиште и еден од четиринаесетте окрузи. Населението брои 1.067 жители (2011).
Географија Местоположба Гратчето е сместено во средишниот дел на островот, крај заливот Крокус и соседниот рид со исто име, кој со своите 73 м е највисока точка на островот. Во околина се селата Норт Сајд, Квортер, Норт Хил и Џорџ Хил.
Клима Вали има со тропска саванска клима (Aw) според Кепеновата класификација. Има кратка сува сезона од февруари до април, проследена од дождовна сезона остатокот од годината. Сепак, иако е долготрајна, дождовната сезона се одликува со толку обилни врнежи како што е својствено за другите карипски градови како Санто Доминго и Сан Хуан. Просечната температура е прилично рамномерна преку целата година, движејќи се помеѓу 26 и .
Историски знаменитости Гратчето има само малку историски градби од колонијално време, што се должи на фактот што управното седиште на Ангвила е преместено во Свети Кристофер уште во 1825 г. Најзначајна стара градба е Волблејковиот дом (XVIII в.) која опстојува до денес како свештенички дом при соседната црква. Продавниците обично се сместени во понови градби, со искчлучок на извесен број обновени куќи во народен карипски стил.
На ридот Крокус можат да се видат остатоците од Стариот суд, поставен на повисок терен. Од него денес останале само разрушени ѕидови и неколку подрумски зандани. Во западниот крај на Вали се наоѓа Волблејковиот дом, изграден во 1787 г. како плантажерска куќа — денес живелиште на католичкиот свештеник. До неа е црквата „Св. Герард“ со својата интересна фасада од камчиња, поголеми камења, цемент, дрво и плочки.
Сообраќај
Гратчето го опслужува Меѓународниот аеродром „Клејтон Џ. Лојд“ (IATA: AXA, ICAO: TQPF) со извесен број на прекуокеански летови.
Образование Во Вали има две државни училишта — едно основно и едно средно."Schools ." Government of Anguilla. . Покрај нив, работи и приватното основно училиште „Омолулу“ со нижи и виши паралелки."Contact us ." Omololu International School.
Поврзано Заветрени Острови
Наводи
Надворешни врски
Карти на Вали Напис за новообновениот Волблејков дом Вали — Голема руска енциклопедија
Категорија:Населени места на Ангвила Категорија:Главни градови во Карибите Категорија:Британски главни градови