Свети Теодор Тирон (позната и како Свети Тодор) — главна селска црква во селото Долно Српци. Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото и има преовладува во панорамата на селото со својата бела фасада.

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.

Историја

Денешната градба била подигната во 1929 година и е една од најголемите и најдобро изградените цркви во областа. Претходно, на истото место се наоѓала помала и постара црква, подигната во 1871 година. До 1946 година, црквата поседувала над 130 декари земја (ниви и ливади), која била поделена на селаните.

До 1912 година, во непосредна близина на црквата се наоѓале и селски гробишта. Денес, главните селски гробишта се наоѓаат во северниот дел на црквата, каде е изградена црквата „Св. Архангел Михаил“.

Црквата доживеала обнова во текот на 2010 година.

Во 2018 година, црквата била погодена од гром, при што биле искршени прозорците и изгорела електричната инсталација. Исто така напукнале делови од објектот, потемнеле ѕидовите во внатрешноста, а испаѓале и се искршиле и дел од лустерите во црквата.

Архитектура

Храмот е доста голем и убав, еден од најуредените во околината.

Фасадата на храмот пред ударот на гром била розова, а по обновата во 2019 година, црквата добила бела фасада.

Галерија

Останати објекти

Црквата

Поврзано Црква „Св. Архангел Михаил“ - Долно Српци Долно Српци Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Беранечка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Долно Српци Долно Српци