„Неопходно зло 2020“ — музички албум на македонскиот рапер Да Џака Накот од 2015 година. Песните се снимени и мастеризирани во „Suriken Records“. Извршен продуцент на албумот е Владимир Ѓокиќ. Сите песни се продуцирани, аранжирани и миксани од Да Џака Накот, освен „Сништа (ремикс)“ која е продуцирана, аранжирана и миксана од DJ Goce S.A.F., кој е миксер на песните „Без пардон“ и „Сништа“. Да Џака Накот е автор на сите текстови, освен „Улична лектира“. На песната „Сништа (ремикс)“ скречовите се дело на DJ Strajk. Филип Алексовски-Кинг е автор на цртежот на обвивката на албумот, додека дизајнот е дело на Tonyio San.Da Dzaka Nakot, Neophodno zlo 2020, Suriken Records, 2015.

Содржина Албумот содржи 12 песни, и тоа:Da Dzaka Nakot, Neophodno zlo 2020, Suriken Records, 2015. Пролог Деветтиот прозорец Улична лектира Без пардон Кажи ми до кога Отпишаните Последната догма Сништа Злодоба Го видов ѓаволот Мрак Сништа (ремикс)

Наводи

Категорија:Албуми на Да Џака Накот Категорија:Рап албуми од 2015 години Категорија:Албуми на Suriken Records