Варлам Тихонович Шаламов (1907-1982) - руски писател, поет и новинар.

Животопис Шаламов бил затвореник во логорот Гулаг. Во 1956 година, тој бил рехабилитиран и му било дозволено да се пресели во Москва, каде работел како дописник на книжевното списание „Москва“.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 268.

Творештво Своите искуства од заробеништвото во Гулаг, Шаламов ги опишал во збирката „Раскази од Колима“. Неговите логорски раскази биле прокриумчарени на Запад, каде биле издадени во 1966 година, а во Русија биле објавени како самиздат. Целосното издание на овие раскази се појавило во Лондон во 1978 година, и тоа на руски и на англиски јазик.

Неговите „Раскази од Колима“ се објавени на македонски јазик во 2011 година (од „ВиГ Зеница“).

Наводи

Категорија:Родени во 1907 година Категорија:Починати во 1982 година Категорија:Починати во Москва Категорија:Руски писатели Категорија:Советски писатели Категорија:Апсолвенти на Московскиот државен универзитет