Лозер (, ) — највисок планински врв на Севените во состав на Централниот Масив, франција. Сместен е во Националниот парк Севени и се издига на висина од 1.699 м.

На планината има терени за скијање во зимските месеци, додека пак преку летото е посетувана од студенти-љубители на планинарството. Нуди впечатливи глетки со своите четинарски насади и честаци.

Од Лозер извира реката Тарн, и тоа во највисокото место на планинарската патека „Роберт Луис Стивенсон“ (GR 70). Оваа долга патека ги следи чекорите на писателот Роберт Луис Стивенсон кој ја посетил планината во 1878 г. и го опишал тоа доживување во неговата книга Патување по Севените на магаре. Се работи за сточарска патека обележана со камења.

По планината е наречен департманот Лозер.

Поврзано Централен Масив

Наводи

Надворешни врски

Лозер — Натура 2000 Туристичка служба на Севените — планина Лозер Лозер во Заедничката база на заштитени подрачја

Категорија:Централен Масив Категорија:Лозер Категорија:Географија на Окситанија