мини|десно|250п|Солница на езерото Карум во Етиопија. мини|десно|250п|Вадење сол од Ујунската Солница во Боливија. Солница — рамен предел од земјиште покриено со слој од сол и други минерали. Ова се природни појави кои се среќаваат во пустини, за разлика од соланите, кои се вештачки творби.
Преглед Една солница се образува со испарувањето на вода од езеро или бара. Ова се случува во мошне сушни предели, каде испарувањето на водата е поголемо од количеството на врнежи. Тука водата нема можност да се исцеди во земјата, па останува на површината додека не испари, оставајќи талози од минералите растворени во водата. Со текот на илјадници години овие соли се таложат во дебел слој, наречен и „дебела земја“. Минералите ја одбиваат сончевата светлина, што му даваат сјајно бела боја на пределот.
Некои солници можат да бидат опасни. Кората може да крие блатиште од кал во кое се заглибуваат потешките возила. Познат пример за ваков предел е депресијата Катара во источна Сахара, чии прикриени блатишта послужиле како стратешки препреки за време на Втората светска војна.Jorgensen, C. (2003). Rommel's panzers: Rommel and the Panzer forces of the Blitzkrieg, 1940-1942 (стр. 78–79). St. Paul, MN: MBI.
Примери Боневилска Солница во Јута, САД — солница на која се постигнати бројни брзински рекорди за копнени возила. Етоша во Намибија — мошне позната солница во Африка, важна за геологијата Ујунска Солница во Боливија — најголемата солница во светот. Содржи 50 до 70 % од светските резерви на литиум. Се одликува со огромна површина, чисто небо и исклучително рамност, поради што се користи за баждарење на висиномерите кај сателитите што ја набљудуваат Земјата.
Поврзано Исушено езеро Солено езеро Крајбрежно калиште Солана
Наводи
Литература
Надворешни врски
Категорија:Геоморфологија Категорија:Земјишни облици Категорија:Соли