Хорхе Ресурексјон Меродио (роден на 8 јануари 1992, во Мадрид, Шпанија), или познат како Коке, е шпански фудбалер, играч од средниот ред на Атлетико Мадрид и на шпанската репрезентација. Од сезоната 2019-2020 тој е и капитен на својот клуб.
Оформен како фудбалер во пониските категории на Атлетико де Мадрид, тој дебитирал за првиот тим во 2009 година и оттогаш до денес е стандарден првотимец на овој клуб со кој освоил и неколку трофеи како Примера Дивисион, Купот на Шпанија, Суперкупот на Шпанија, два Суперкупа на Европа и две титули во Лигата на Европа.
Настапува за сениорската селекција на Шпанија од 2013 година, со која играл на Светските првенства во 2014 и 2018 година, како и на Европското првенство 2016 година. Претходно, како член на младинските репрезентации, тој го освоил Европското првенство за играчи под 21 година во 2013 година.
Наводи
Надворешни врски
Коке на soccerway Коке на transfermarkt Коке на whoscored
Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид