Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Подрачно основно училиште „Браќа Миладиновци“ - Дедебалци; скратено: ПОУ „Браќа Миладиновци“) — подрачно основно училиште во селото Дедебалци, составен дел на истоименото училиште во селото Добрушево.

Училиштето е именувано по македонските преродбеници и писатели Браќа Миладиновци.

Местоположба

мини|200п|лево|Влезната табла на училиштето

Објектот на училиштето се наоѓа на влезот од селото, некаде на половина пат помеѓу селата Дедебалци и Далбеговци.

Историја

Во текот на 2016 година училиштето било делумно обновено. Во тој зафат биле обновени дограмите, подовите и училишниот ходник.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Учениците од подрачното училиште во Трап-Будаково подоцна доаѓаат да посетуваат настава во училиштето во Дедебалци.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Могила Дедебалци Категорија:Дедебалци